Едноставно, но вкусно: Рецепт за полнети домати со моцарела

Едноставно, но вкусно: Рецепт за полнети домати со моцарела

Доматите и моцарелата се основата на италијанската кујна и една од комбинациите со кои никогаш не можете да погрешите. Денес ви споделуваме рецепт за полнети домати со моцарела за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство.

Едноставно, но вкусно: Рецепт за полнети домати со моцарела

Потребни состојки:

  • 6 домати
  • 1/2 кромид (сечкан)
  • 1 чаша печурки
  • 1 чешне лук
  • 1 чаша тестенини од јачмен
  • 450 милилитри пилешки супа
  • 1/4 чаша пармезан
  • 200 грама моцарела
  • маслиново масло
  • сол и црн бибер

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Измијте ги и исушете ги доматите, а потоа исечете ги врвовите кои ќе ви послужат како капак.

3. Внимателно издлабете ги доматите, додадете сол и свртете ги наопаку да се исцедат.

4. На маслиново масло продинстајте го кромидот, а потоа додадете ги исечканите печурки и лукот и продолжете со пржењето.

5. Додадете ги тестенините од јачмен во тавата со печурките и прелијте ги со пилешката супа неколку пати додека не се сварат тестенините.

6. На крајот додадете го пармезанот да се растопи.

7. Наполнете ги доматите со добиената смеса и додадете парчиња моцарела.

8. Одозгора ставете ги капачињата од домати и печете околу 30 минути.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусната пита со домати.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар