Што кога ќе ви се заглави прстенот? Еве го наједноставното решение

Ви отекле прстите или малку сте се здебелиле и сега прстенот никако ни да мрдне. Во вакви ситуации обично нѐ фаќа паника и откако добро ќе го помодриме прстот влечејќи, посегнуваме по добро познатите методи – маргарин, топла вода и слично. Но, нема потреба ниту да се мокрите ниту да се мрсите. Постои многу поедноставно, суво и ефикасно решение за извлекување на заглавениот прстен, а потребно ви е само парче дебел конец и алатка, на пример клештичка, да го пикнете конецот под прстенот. Секако, неопходен е и уште еден пар раце кој ќе ја спроведе постапката.

shto-koga-kje-vi-se-zaglavi-prstenot-eve-go-najednostavnoto-reshenie-kafepauza.mk

Финтата е да се провлече врвот на конецот под прстенот, потоа да се обмотува прстот скоро до врвот, сѐ додека не се формира цврста спирала. На другиот крај, конецот се пикнува под последниот ред од спиралата за да не виси и во тој момент настапува трикот – се фаќа првиот крај на конецот и едноставно почнува да се одмотува. Прстенот паѓа лесно како од шала.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар