Тајните на врските: 15 работи кои никој не ви ги кажал

Тајните на врските: 15 работи кои никој не ви ги кажал

Врска. Иако е можеби најубавото нешто бидејќи имаме со кого да ја делиме постелата, да споделуваме разни новости или едноставно да бидеме постојано покрај некого, врските често знаат да бидат стресни и напорни. Но, како и сѐ во животот, и тие се исполнети и со убави и со лоши моменти. Ова се неколкуте тајни поврзани со врските, кои можеби досега не сте ги чуле:

tajnite-na-vrskite-15-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazhal-kafepauza.mk

1. Некогаш треба да правите работи кои не ги сакате, на пример: дружење со неговите/нејзините нафурани или лигави пријатели. Не сте секогаш расположени да одите на пиво со неговите пријатели или пак да седнете во кафуле и да ги слушате озборувањата во врска со ликовите од нејзината омилена серија. Можеби тоа не е нешто што без двоумење би го направиле, но верувајте, партнерот ќе ви биде благодарен.

2. Постои можност целото време да го поминете со иста личност и да не ви здодее, дури и напротив, да ја засакате уште повеќе отколку кога сте започнале да се забавувате.

3. Но, емоционалната врска може да биде страшна на почетокот. На почетокот, никому не му е лесно да стане близок со некој. Близината се стекнува заедно со довербата. Можеби ви е прва врска која има големи шанси да успее и се чувствувате ранливо затоа што не сте навикнати на личноста со која го делите креветот, особено ако сте поладен тип и врските од минатото не ви биле најуспешни.

4. Вашата сродна душа веројатно нема да биде личноста со која сте замислиле дека ќе го поминете остатокот од животот. Затоа што врската со личноста која мислевте дека е совршената за вас, не испадна толку совршена.

5. Во ред е први да кажете „те сакам“. Навистина е страшно, но барем ќе знаете дали сте на иста бранова должина. Затоа опростете се од идејата дека изговарањето на тие магични зборови значи дека вие сте повеќе заљубени.

6. Конечно ќе разберете и ќе им простите на пријателите кои ве „откачиле“ заради дружење со нивните партнери. Некогаш навистина е поудобно во кревет и гушкање во топлите чаршафи.

7. Пријателите кои сметале дека ќе бидете сами целиот живот може да имаат негативни реакции на вашата врска. На почетокот нема да ве сфатат сериозно, но како што ќе поминува времето, а вашата среќа се зголемува, така тие ќе се чувствуваат сѐ повеќе позагрозено.

8. Исто како што во нова врска се стекнуваат нови (лоши) навики, исто така се забораваат старите. Пример ако пиете многу, а партнерот не пие. Позитивните влијанија се од голема предност за врските. На пример ако сте мрзеливи тогаш работливиот партнер ќе ви го промени животот на подобро.

9. Сепак, вежбањето заедно е непожелно. Освен ако не сакате да ѝ бодете очи на околината. Во тој случај купете исти тренерки и настапете како залепени во теретаната.

10. Нема да се чувствувате поисполнето како личност. Сѐ е исто само што сте во врска.

11. Најголемите караници ќе бидат околу најмалите ситници. На пример во кое кафуле да одите вечерта.

12. Никој не е особено заинтересиран како сте се запознале. Во превод: без долги детални приказни за случајноста на вашето запознавање. Сите ќе умреме некој ден и се надеваме дека ќе биде пократко од приказната.

13. Сите што се околу вас ќе ви даваат совети за врската. 95% од нив ќе бидат ужасни. И 100% ќе ги опишуваат нивните врски. Односно, не верувајте никому. Повеќе верувајте им на вашите инстинкти отколку на зборовите од луѓето – само вие знаете што ѝ е потребно на вашата врска.

14. Сѐ уште треба да си одвојувате време за себе. Само нестабилните луѓе можат да станат зависни од партнерот. Одберете си тивка вечер и посветете ја на активностите кои вие ги сакате.

15. Некогаш ќе ви купи нешто што не би ни го погледнале, но бидејќи е од саканата личност веднаш ви станува убаво. Без разлика за колку лош подарок и да се работи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар