Дали стресот може да доведе до покачена температура?

Дали стресот може да доведе до покачена температура?

Стресот може да има големо влијание врз функционирањето на организмот. Може да предизвика нарушување на сонот, да има ефекти врз варењето на храната, па дури и да влијае на менструалниот циклус.

Дали стресот може да доведе до покачена температура?

Бидејќи стресот влијае многу на организмот на човекот, разбирливо е зошто многумина се заинтересирани за одговорот на прашањето дали стресот може да доведе до покачена температура, односно дали неговите симптоми ги имитираат оние на вистинска болест.

Имено, истражувањето за врската помеѓу стресот и температурата, особено за видот треска наречена „психогена треска“, не се доволно разработени, но постои некоја поврзаност што експертите се обидуваат да ја објаснат.

Дали стресот може да предизвика покачена температура?

Возрасно лице има покачена телесна температура кога е таа над 37,2 °C до 37,5 °C, во зависност од периодот на денот. Иако се смета дека нормалната телесна температура е околу 37,2 °C, нормалниот опсег е некаде помеѓу 36,1 °C и 37,2 °C.

„Покачената температура обично укажува на инфекција или на друга болест и нема значајни истражувања кои докажуваат каква било врска помеѓу стресот и покачената телесната температура“, вели д-р Доналд Форд. „Стресот може да предизвика некои физиолошки промени, како вцрвенување. Но, тоа не влијае на температурата на телото.“

Сепак, иако стресот сам по себе не може директно да предизвика покачена температура, тој може да предизвика сериозни оштетувања на вашето тело и тоа индиректно може да резултира со покачена температура. Поточно, кога сте под стрес подолг временски период, тој може да го ослаби имунитетот. Слабиот имунитет ве прави повеќе подложни на вирусни или на други инфекции, а тоа може да предизвика покачена температура.

Што е психогена треска?

Повеќето информации за психогената треска доаѓаат од едно истражување од 2015 година, кое ја опишува како „психосоматска болест поврзана со стрес, особено забележана кај млади жени“. Авторот на истражувањето, д-р Такаказу Ока, објаснува дека високата телесна температура кај некои луѓе може да биде резултат на психолошки стрес. Важно да се напомене дека „психогено“ значи дека има психолошко потекло, за разлика од физичкото.

„Некои пациенти добиваат висока температура кога се изложени на емоционални настани, додека други имаат ниска температура што трае со месеци, па дури и со години, за време или по ситуации што доведуваат до хроничен стрес“, објаснува д-р Ока.

Истражувањето објаснува дека механизмот на психогена треска не е сè уште целосно откриен, но истражувањата спроведени врз животни покажале дека психолошкиот стрес може да ја зголеми или да ја намали температурата на телото.

Прочитајте што се случува кога телесната температура е прениска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар