ТВ серија: Зора (Daybreak)

ТВ серија: Зора (Daybreak)

Деца се обидуваат да преживеат во постапокалиптичен свет така што формираат племиња

Главни улоги: Колин Форд, Аливија Алин Линд, Софи Симнет

Жанр: акција, авантура, комедија

Премиера: 24 октомври 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 8,50 од 10)
Loading...

 

Сте размислувале ли некогаш каков би бил светот без возрасни? Оваа ТВ серија може да ви даде една варијанта од одговорот! Дејството нè води во постапокалиптичен свет каде што поголемиот дел од човештвото или изумрело или се претворило во еден вид крвожедни зомбиња откако биле детонирани билошко-хемиски бомби на планетата. Останале само дел од децата кои мора да изградат сосема ново општество за да преживеат во новиот свет.

Обидувајќи се да најдат нов начин на живеење, децата формирале племиња. Сите оние што имале нешто заедничко се групирале и си создале нови правила за живеење, чувајќи ја својата територија и војувајќи со ривалските племиња додека истовремено и се борат против неживите. Племињата се состојат од спортистите, фармерите, интелигентните… И сите тие на некој начин придонесуваат во новиот екосистем.

Ако сте расположени за постапокалиптична зомби комедија, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Особено ако ги сакате приказните со младите возрасни. Зора изобилува со хумор, акција, пријателство и романса, и малку одвратни и крвави сцени, убаво спакувани во добра приказна што без сомнение ќе ве наполни со позитивна енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар