Што се случува кога телесната температура е прениска?

Тресењето е еден од најочигледните симптоми за прениска температура на телото. Кога причината за ниската температура не е изложеност на студ, таа може да биде знак за разни проблеми со здравјето, но и за претерана консумација на дрога и алкохол, стрес или несоница.

Што се случува кога телесната температура е прениска?

Најчестата причина за ниска температура е нарушената функција на тироидната и надбубрежната жлезда, а може да укажува и на Адисонова болест, хипотиреоза, дијабетес, намалена работа на бубрезите и црниот дроб и слично.

Понекогаш може да станува збор и за хормонална нерамнотежа. Ниското ниво на тестостерон кај мажите или високото ниво на естроген, а ниското на прогестерон кај жените, може да предизвика намалување на телесната температура.

Проблемот со ниската температура е тоа што имунолошкиот систем не може правилно да се справи со болестите. Поради ова телото станува погодно место за вируси и развој на инфекции, кои долго нема да бидат откриени поради ниската температура.

Нормалната температура кај повеќето луѓе е помеѓу 36 и 37 степени Целзиусови. Хипотермијата, или ниската телесна температура, е пониска од 35 степени. Хипотермијата се случува кога има нарушување на нервниот систем, кое се манифестира како автоимуна дисфункција. Во овој случај станува збор за оштетување на делот од хипоталамусот во кој се наоѓа центарот за регулирање на телесната температура. Причината можат да бидат и некои видови лекови, како бензодиазепин, барбитурат, бутирофенон и слично. Симптомите најчесто се низок крвен притисок, исцрпеност, поспаност и препотување.

Некои луѓе имаат пониска, а некои повисока температура на телото, но тоа не мора да значи дека имаат проблем со здравјето. Постојат луѓе чија нормална телесна температура е малку над 35 степени, па за нив висока температура би претставувала онаа од 37 степени Целзиусови.

Често, телесната температура може да се намали и поради изложување на студ. Во овој случај може да се појави тахикардија, забрзано чукање на срцето и стеснување на крвните садови.

„Преладувањето“ под 32 степени предизвикува намалена спроводливост до срцето, а со тоа се забавува и неговата работа. Тогаш се зголемува вискозноста на крвта, па може да настане тромбоза, а дури и проблеми со свеста.

Доколку постојано ви е ладно или топло, погледнете што може да биде причината за тоа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар