Метод што се користи во музеите: Ако ја исчистите куќата вака, нема да видите прашина 10 дена

Метод што се користи во музеите: Ако ја исчистите куќата вака, нема да видите прашина 10 дена

Веројатно сте слушнале за глицеринот и за неговата употреба во медицината, во козметиката, во прехранбената индустрија и во земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот? Погледете како да ја исчистите вашата куќа со глицерин.

Метод што се користи во музеите: Ако ја исчистите куќата вака, нема да видите прашина 10 дена

1. Блескаво чисти подови

За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, додајте само неколку капки глицерин во кофата со вода.

2. Ослободете се од прашината

За да го направите ова, додајте малку глицерин во сад со вода. Навлажнете ја крпата во таа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.

3. Ги отстранува дамките од облеката

Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете со вода во која ќе додадете малку сол. За да ги отстраните дамките од чај, од кафе или од чоколадо, направете смеса од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и исперете ја облеката по половина час.

4. Правилно одржување на мебелот од кожа

Ако имате изгребан кожен мебел, избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.

5. Прозорци

Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците. Долго време нема да има прашина и нечистотија на вашите прозорци.

Погледнете ги овие трикови за полесно чистење кои ги користеле нашите баби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар