Зошто жените ги сакаат мажите?

Мажите се хероите во нашиот живот, воини кои се борат и со најсуровите инсекти и глувци во домот и кои се секогаш тука за нас кога ни е потребна поддршка. Тие се едноставни, секогаш го мислат тоа што го кажуваат и се грижат за нас со целата своја душа. И покрај тоа што ние сме мистерија за нив, тие никогаш не се откажуваат од обидот да нè сфатат. Ова се само неколку од причините зошто толку многу ги сакаме мажите.

Зошто жените ги сакаат мажите?

Но, ние исто така ги сакаме и…

  • Бидејќи тие никогаш не можат да одглумат оргазам, дури и да го сакаат тоа.
  • Бидејќи тие пишуваат поеми, песни и книги во наша чест.
  • Бидејќи тие никогаш не нè разбираат, но никогаш не се откажуваат од нас.
  • Бидејќи тие можат да ја видат убавината во жените дури и откако тие самите престанале да ја гледаат оваа убавина во себе.
  • Бидејќи тие можат да ги сфатат дури и најкомплексните тајни на универзумот, но можат да бидат целосно изгубени кога станува збор за мистериите на жената.
  • Бидејќи тие се неверојатни љубовници и нема да сопрат сè додека ние не сме среќни.
  • Бидејќи тие го претвораат спортот во религија.
  • Бидејќи тие никогаш не се плашат од темнина.
  • Бидејќи тие никогаш не се грижат како изгледаат, ниту пак дали стареат.
  • Бидејќи тие успеваат да ги направат или поправат дури и оние нешта кои ги надминуваат нивните способности, со самодоверба на тинејџер кој знае сè.
  • Бидејќи тие никогаш не би носеле високи потпетици.
  • Бидејќи тие се секогаш подготвени за секс.
  • Бидејќи тие се плашат да не ја изгубат својата коса.
  • Бидејќи тие секогаш знаат што размислуваат и секогаш го мислат тоа што ќе го кажат.
  • Бидејќи тие обожаваат машини и алати со истата страст како што ние сакаме накит.
  • Бидејќи тие прават сè што е во нивната моќ да го скријат (неуспешно) фактот дека се само луѓе, и тоа кревки.
  • Бидејќи тие до самиот крај или зборуваат премногу или воопшто не зборуваат.
  • Бидејќи тие секогаш јадат сè што е во чинијата пред нив.
  • Бидејќи тие се храбри во борбата против инсекти или глувци.
  • Бидејќи девојче од 4 години кое добро се изразува може да ги остави без зборови и прекрасна 25-годишна девојка може да ги претвори во идиоти кои се лигават.
  • Бидејќи тие сакаат да бидат или војници или љубовници, или артисти или генерали, но ништо помеѓу…
  • Бидејќи за нив никогаш не може да се има премногу адреналин.
  • Бидејќи откако сè ќе се каже и направи, тие не можат да живеат без нас, без разлика на тоа колку многу се трудат.
  • Бидејќи тие се навистина толку едноставни колку што тврдат дека се.
  • Бидејќи тие обожаваат екстреми и кога ќе отидат во одредена крајност ние сме тука за да ги повлечеме наназад.
  • Бидејќи и тие понекогаш се нежни и плачат, но тоа многу ретко се случува.
  • Бидејќи тоа што им недостасува во изразувањето, го надополнуваат со дела.
  • Бидејќи тие се одлична придружба за поминување низ темни улички и опасно маало.
  • Бидејќи тие навистина ги сакаат своите мајки и нè потсетуваат на нашите татковци.
  • Бидејќи тие никогаш не се грижат што вели нивниот хороскоп, свекрвата или соседите.
  • Бидејќи тие не лажат за нивните години, тежина, ниту пак за бројот на облека.
  • Бидејќи тие имаат неверојатна способност да погледнат длабоко во нашите очи и да се поврзат со нашето срце, дури и тогаш кога ние не го сакаме тоа.
  • Бидејќи кога ќе им кажеме „Те сакам“ тие не бараат објаснување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар