Најдобриот начин да ја исушите вашата кадрава коса

Најдобриот начин да ја исушите вашата кадрава коса

Прашање до сите дами со локни: Како ја сушите вашата коса? Доколку вашиот одговор вклучува замотување во пешкир, тогаш време е да ја смените вашата рутина со цел да добиете многу подобри резултати. Токму пешкирот е оној кој го создава немирот на вашата коса и ја прави тешка за одржување и стилизирање. Погледнете го следново решение кое ќе ви помогне да ги добиете прекрасните локни кои отсекогаш сте сакале да ги имате.

Најдобриот начин да ја исушите вашата кадрава коса

Сè што ви е потребно е вашата омилена пена за коса и стара, мека маичка. Со помош на вашите прсти, нежно притиснете на пакувањето со пената и престанете кога таа ќе добие големина на топче за голф. Потоа, замотајте ја маичката околу вашата рака со пената и почнете да ги притискате локните од долу, полека движејќи се нагоре кон вашата глава.

Зошто овој метод е многу ефикасен? Мократа коса е нежна, па затоа пешкирот може да ги направи кутикулите многу груби, што води кон немирна и растурена фризура, а можеби дури и расцветување на врвовите. Со користењето на помек материјал, вие ќе добиете помазен финиш додека ја задржувате влажноста на вашата коса. Да бидеме искрени, вам секако ќе ви треба цел час да ја исушите вашата бујна кадрава коса, па зошто да не го сторите тоа на најдобриот начин за неа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар