13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од дома

Во моментов го читате овој текст наместо да работите, нели? Доколку сте почнале со работа од дома, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во овие 13 нешта. Но, ако имате нешто да дополните на оваа листа, слободно споделете со нас во коментарите подолу…

13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од дома

1. Не изгледа воопшто онака како што планиравте кога почнавте

Вие сигурно планиравте секое утро во 9 часот да се сместите на вашата работна маса која е чист и мирен простор во вашиот дом и да започнете со работа. На овој начин ќе имате повеќе време за вежбање, здрава исхрана, па дури и за курсот за кој со години немавте време поради тоа што останувавте до доцна во канцеларија. Како одат овие планови?

2. Зборувањето со себе не е ништо невообичаено

Вие сте сами по цел ден, па токму затоа и нема кој да ве сослуша кога ќе дознаете некоја неверојатна информација или пак, кога ќе ја изгледате новата епизода од вашата омилена ТВ серија. Но, тоа не ви е проблем. По краткото и интензивно воздржување вие почнувате гласно да си ги искажувате овие мисли. Што има врска тоа што никој не ве слуша?

3. Облекувањето е огромно постигнување

Ова се случува некаде околу 17 часот, по завршувањето на вашето работно време и малку пред да почнат другите членови од вашето семејство да се враќаат дома. Но, понекогаш кога сте помрзливи ги пречекувате и во пижами. Сте имале тежок ден на работа, сигурно ќе разберат.

4. Нормалната облека одеднаш ви станала неверојатно неудобна

Особено градниците. Кога неколку месеци го поминувате поголемиот дел од денот во удобни и меки пижами, сè останато станува исклучително неудобно. Дури почнувате и да се запрашувате како претходно сте успевале толку долго да бидете во таа облека.

5. Мотивирањето е навистина е тешко

Доколку имате краен рок, одеднаш сфаќате дека правите сè освен завршувањето на вашите работни обврски. Изгледа дека за само неколку часа вие сте успеале цел дом да го исчистите, сите алишта да ги исперете, да подготвите ручек… Но, сè уште не сте готови со средувањето по дома…

6. Твитер и Фејсбук се вашите соработници

И вие сте онлајн ЦЕЛО ВРЕМЕ!

7. Но, кога конечно ќе најдете време за работа, вие ги завршувате работите многу побрзо

Изгледа дека вашите родители биле во право кога ви велеа да направите 5-минутна (читајте: 5-часовна) пауза која ја подобрува концентрацијата.

8. Развивате чудна параноја

„Зошто шефот не ми одговори на мејлот? Го пратив пред 20 минути! Можеби треба да го препратам. Или можеби ме мрази и веќе никогаш нема да побара ништо друго од мене и потоа ќе умрам од глад и ќе ме изедат мачките!!!“

9. ТВ програмата за готвење е одлична

Можете да гледате луѓе како готват по цел ден и никогаш да не ви здодее…

10. Попладневна дремка

Вие навистина не сакавте да заспиете и искрено верувавте дека каучот е многу поудобно место за читање на тој документ. Но, 2 часа подоцна се будите со документот врз вашето лице. Упс.

11. Не постои подобар начин на одмарање од мониторот од лудо танцување во вашата дневна соба

Можевте да го научите танцот на песната „Shake It Off“ од Тејлор Свифт во вашата канцеларија? Секако дека не.

12. Кога е сончево се чувствувате екстремно вообразено

Се сеќавате на сите оние топли денови кои сте ги поминале во канцеларија со тажни луѓе чии погледи лутаат низ прозорецот и гласно воздивнуваат и сфаќате дека повеќе не ве ограничуваат 4-те ѕида. Вие можете да ја однесете вашата работа во парк или на тераса од кафуле. Ха!

13. Никогаш повеќе нема да стапнете во канцеларија

Зошто би го направиле тоа? Работата од дома е одлична!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар