Зошто постојано ја слушаме истата музика?

Зошто постојано ја слушаме истата музика?

Можеби немате забележано, но голема е веројатноста да ја слушате истата музика веќе неколку години по ред. Некои хитови едноставно не остаруваат за вас. Ако сте сфатиле дека одамна немате додадено нешто ново на вашата плеј листа, не сте единствените.

Зошто постојано ја слушаме истата музика?

Според една анкета, возраста на која откриваме најмногу нова музика е 24 години. Потоа речиси и да не бараме нешто ново. Што всушност значи ова?

Во анкетата учествувале 1.000 луѓе од Велика Британија. Биле прашувани каков вид музика слушаат и кои жанрови ги преферираат. Откако ги анализирале одговорите, се заклучило дека повеќето луѓе престануваат да бараат нова музика на околу 30-годишна возраст.

Причината за ова е навистина едноставна. Анкетата покажала дека не станува збор за намален интерес за нова музика, туку тоа што сите се премногу зафатени за да обрнуваат внимание на нивната плејлиста. Односно, 19% од испитаниците изјавиле дека престанале да бараат нови песни само затоа што имало преголем избор. Во меѓувреме, 16% од испитаниците изјавиле дека биле премногу зафатени со работа за да бараат нова музика. За 11% причината биле обврските поврзани со нивните деца. Во главно, животот нè спречува да правиме многу нешта, како планови за излегување и часови по јога. Но кој би помислил дека сме толку зафатени што не можеме ни да откриваме нова музика?

Дали некогаш ви се случило да слушате само една песна неколку недели, па дури и месеци? Ако се пронајдовте, не плашете се. И за ова има добра причина. Елизабет Маргулис, авторка на книгата „Повторување: Како музиката си игра со умот“ (On Repeat: How Music Plays the Mind) објаснила дека луѓето со задоволство слушаат една иста песна поради чувството на исчекување што се создава во мозокот. Како слушач, ова искуство ве прави како самите да ја создавате музиката со вашиот ум.

Па ако имате повеќе од 24 години, навикнете се на сегашната плејлиста. Голема е веројатноста дека ќе ги слушате тие песни до крајот на вашиот живот.

Дали знаете каква музика слушаат психопатите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар