8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Дури и древните филозофи тврделе дека некои лекови се поопасни од самите болести. Но грешките, смешните ситуации и интересните несреќи се неизбежни кога станува збор за нови изуми. Овие неверојатни факти за лековите сигурно ќе ви звучат навистина чудно денес.

1. Вазелин за чистење и како лаксатив

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Вазелинот бил измислен од Роберт Августус Чесеброу. Примарната употреба била како лаксатив и за чистење. Подоцна Роберт заклучил дека вазелинот се справува добро со разни болести и препорачувал да се консумира 1 лажица вазелин секое утро. Хемичарот го следел својот совет и живеел 96 години.

2. Егземата и ќелавењето се третирале со кечап

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Од 1820-та до 1930-та година во САД кечапот се продавал како лек за ќелавење, егзема и болки во стомакот. Всушност, ликопенот во доматите е корисен за здравјето, а нивото на овој пигмент во кечапот е повисоко од доматите. Денес кечапот не се користи како лек и во секоја аптека се продава ликопен.

3. Обекалп како лек за деца

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Ако децата имале мачнина, лекарите им препишувале Обекалп. Активната состојка е шеќер, а неговиот необичен ефект е скриен во самото име – на англиски зборот „obecalp“ е всушност „placebo“ (плацебо) напишано обратно. Овој лек бил измислен од австралискиот лекар Михаел Акстенс. На почетокот се користел за „лекување“ на псведоболните луѓе во Калифорнија.

4. И Русија имала плацебо лек

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Во минатото, капките Барон Вревски се користеле како лек за анксиозност. Изумителите тврделе дека станувало збор за плацебо. Подоцна лекарите ги проучиле капките и откриле дека во нив има само вода од реката Нева.

5. Лекот што се наоѓа само во поранешните советски држави

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Брилијантно зелена, или зеленка, се користи како лек само во поранешните советски држави. Со него се третираат осекотини и гребаници поради антисептичките својства.

6. Кока-кола и Доктор Пепер како лекови

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Фармацевтот Џон Пембертон се борел во Граѓанската војна и на крајот на војната сакал да создаде нешто што ќе му помогне да ја излечи анксиозноста. Фонтаните за газирани пијалаци во аптеките станале популарни, па тој измислил свој пијалак. Оваа мешавина станала толку популарна како лек, а денес ни е позната како Кока-кола.

Чарлс Алдертон го измислил пијалакот Доктор Пепер во 1885-та година. Му се допаѓал мирисот на мешавина од овошни сирупи во аптеките, па ова го инспирирало да го создаде пијалакот.

7. Смешни несакани ефекти од лековите

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

  • Еден маж ја судел фармацевтската компанија GlaxoSmithKline тврдејќи дека лекот што го користел за неговата Паркинсонова болест го претворил во зависник од коцкање.
  • Мелфоквин, лекот што се користи за маларија, може да предизвика халуцинации, па дури и желба за самоубиство.
  • Лекот золпидем може да предизвика возење во текот на сонот и други чудни однесувања.
  • Луѓето што користат кломипрамин можат да доживеат оргазам додека зеваат.

8. Пилули за контрацепција

8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Во раните 1930-ти австрискиот лекар Лудвиг Хаберлант ја предложил хормонската контрацепција. Главниот извор на хормони биле животните. Подоцна научниците почнале да го произведуваат хормонот прогестерон вештачки. Во минатото една пилула содржела хормони колку цело модерно пакување. Ова сигурно предизвикувало голем стрес врз ендокриниот систем на жените.

Погледнете и кои народни лекови не би требало да ги пробувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар