Контроверзно научно откритие: Каква музика најчесто слушаат психопатите?

Контроверзно научно откритие: Каква музика најчесто слушаат психопатите?

Иако Ханибал Лектор, психопатот од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, беше голем обожавател на класична музика, најновите истражувања покажуваат нешто сосема поинакво. Музиката што сакате да ја слушате може да открие многу работи за вашата личност. На пример, ако сте фанови на Еминем, постои голема веројатност дека сте психопати. Така барем тврдат последните откритија.

Контроверзно научно откритие: Каква музика најчесто слушаат психопатите?

Имено, научниците од Њујорк откриле дека луѓето кои поседуваат психопатски особини најчесто слушаат рап музика. Истражувачите отишле чекор подалеку и заклучиле дека рап музиката може да ги предвиди таквите нарушувања во иднина.

Песните кои се покажале како „најкритични“ се „No Diggity“ од групата Блекстрит и песната „Lose Yourself“ од Еминем.

Од друга страна, пак, испитаниците со најмал процент на психопатски особини слушале поп музика, вклучувајќи ја песната „My Sharona“ од The Knack и „Titanium“ од пејачката Сиа.

„Медиумите ги претставуваат психопатите како сериски убијци и насилници, но во реалноста тие не се толку очигледни и воопшто не личат на Џокер од ’Бетмен’“, открил доктор Паскал Волиш, еден од авторите на истражувањето.

Тој додал дека психопатите се опасни за општеството ако добијат можност да направат голема штета, па затоа многу е важно да се откријат на време. Музиката што ја слушаат може да стане новиот веродостоен метод.

Да бидеме искрени, ние сме малку скептични околу овие откритија, бидејќи музиката иако го отсликува нашето моментално расположение, не би требало да влијае на нашиот карактер. Исто како што рокерите и металците не се наркомани и сатанисти, така и раперите сигурно не се сите психопати. Најдобро е да се земат овие информации со малку резерва, барем додека не се направат нови поголеми и попрецизни истражувања.

Во продолжение прочитајте ги и 5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар