Зајче родено без уши добива неодолива замена од нејзината сопственичка

Зајчето Мими било родено глуво, со само три нозе, но и покрај тоа што не може да слуша, благодарение на нејзината сопственичка, таа има нов пар ушиња – направени од волна. Родајиа Велч, 22, ја добила Мими од волонтер каде што и таа самата волонтира, во организација за овозможување основна грижа за милениците на сопственици со ниски примања или бездомници во Сакраменто.

„Само што ја видов Мими, се заљубив во неа и едвај чекав да ја однесам дома“, вели Велч.

Но, таа не само што ѝ дала дом, туку ѝ подарила и ушиња. Идејата настанала додека таа пребарувала идеи за имиња.

„Мојата одлука да ги направам ушите започна со барањето на нејзиното име – беше очигледно дека требаше да биде нешто поврзано со уши. Па, додека пребарував, моето момче Џош, го најде името Кемономими, што е еден вид козплеј каде што карактерите имаат животински уши. Тоа беше совршено затоа што таа немаше уши и можеше да биде што и да посака.“

Зајчето со три нозе сега има импресивна колекција од домашно изработени ушиња.

„Таа ги носи само додека ја фотографирам или кога седи со мене. Ми дозволува да ѝ ги ставам, но поради безбедносни причини не ги врзувам во јазол, за ако таа посака, да може лесно да ги отстрани“, додава таа.

Погледнете ги и останатите фотографии што без сомнение ќе ве стопат.

Погледнете ги и најслатките кутриња што некогаш сте ги виделе.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар