10 факти за смртта од модерната наука

Без разлика кои сте, од каде сте, што работите и колкава плата имате, кога-тогаш смртта ќе ве пристигне. Луѓето отсекогаш размислувале за нивната смртност. Сите го чекаме судниот ден кога ќе заврши нашиот живот. Но, дали сте помислиле што се случува во моментот на смртта? Науката има да каже многу за крајот на нашата свест. Преку модерните алатки и истражувања, денес можеме подобро да разбереме што навистина е смртта и што се случува во последните моменти од нашиот живот.

1. Неизвесност

10 факти за смртта од модерната наука

Постојат концепти како „клиничка смрт“ што всушност е нејасен термин. Повеќето луѓе веруваат дека смртта настанува кога телото достигнува точка од која животот не може да се поврати. Некои луѓе ја дефинираат смртта како моментот кога престанува чукањето на нашето срце, додека други сметаат дека смртта настанува со прекинот на мозочната функција. Па, што навистина е смртта?

Всушност, сè уште немаме одговор на ова. Дури и кога срцето ќе откаже, а мозокот не покажува активност, системот за циркулација може да биде напојуван од машини доволно долго за да ве одржи во живот. Според ова, смртта е процес при кој со работа престануваат сите биолошки функции сè додека е невозможно да се реанимира пациентот.

2. Свест

10 факти за смртта од модерната наука

Науката ни кажува дека свеста е нуспроизвод на мозокот, дека мозокот ја создава свеста и неговата смрт значи и смрт за нашата свест. Иако прашањата за свеста се некои од најкомплицираните за дискутирање, ова не е клучниот фактор за живот. На пример, кога пациентот е под анестезија, свеста исчезнува, но тој сепак е жив.

Модерната наука ги гледа живите организми како повеќе или помалку свесни, започнувајќи со основните градежни единки на животот и еволуирајќи до префронталниот кортекс на луѓето кои се свесни за себе. Ова е критичен концепт за разбирање на моментот на смртта: Што ни се случува „нам“ или на личноста? Ако земеме предвид дека свеста потекнува од мозокот, едноставно престануваме да постоиме откако ќе настапи смртта. Времето, искуствата, мислите, сè што сме знаеле – исчезнува засекогаш.

3. Мозок

10 факти за смртта од модерната наука

Спротивно на популарното верување, мозокот не е последното нешто што умира. Обично смртта на телото настапува кратко по смртта на мозокот. Односно, смртта на мозочното стебло е смрт на организмот бидејќи тоа ги контролира сите витални телесни функции. Моментално смртта на мозочното стебло е последната фаза од умирањето на мозокот и се смета за легална смрт во повеќето држави. Кога престанува работата на срцето, се смета дека мозокот може да преживее уште најмногу 6 минути. Дури и тогаш штетата на мозокот е значајна.

Без разлика зошто започнува процесот на умирање, смртта на мозочното стебло е секогаш причина за смрт.

4. Мозочна активност

10 факти за смртта од модерната наука

Како што се намалува количеството кислород во телото на клеточно ниво, мозочната активност всушност се зголемува. Истражувањата покажувале дека мозокот значително се активира кај животните во последните моменти од животот. Кога престанува срцето на стаорецот, мозокот ги активира сите делови одговорни за неговата свест. Овој процес не е целосно разбран, но се верува дека е одговорен за искуствата близу до смртта, односно необичните звуци, сеќавања, глетки и други искуства на луѓето кои се вратени во живот кратко по смртта.

5. Свесност

10 факти за смртта од модерната наука

Зголемената мозочна активност пред смртта ја зголемува свесноста кај луѓето. Без навлегување во натприродното, луѓето кои се вратиле од „другата страна“ опишувале силни светла, мириси, вкусови и нереални искуства. Некои луѓе го поврзуваат ова со религијата, но научниците ги гледаат овие искуства како резултат од стимулацијата на мозокот во моментите на смртта. Всушност, моментот пред смртта е момент кога личноста е најжива.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар