Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

Да бидеме искрени, болниците се досадни. А замислете да сте дете кое мора да лежи цел ден, врзано за апарати. Како да не е доволна болеста, досадната атмосфера ги прави нештата уште полоши. Тука ги нема омилените играчки, ниту има простор за играње.

Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

Кевин Гатлин, еден татко од Шарлот, Северна Каролина, бил свесен за тоа колку им е тешко на децата во болниците, па решил да им помогне. При посетата на детето на еден негов пријател, тој увидел низ која мака поминуваат децата кои мора да бидат врзани за кревет цел ден, па дошол до генијална идеја – болничките постелнини да ги претвори во друштвени игри.

Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

По внимателно разгледување, планирање и советување со наставниците и лекарите, Гетлин својата замисла ја претворил во компанија наречена Playtime Edventures.

„Со помош на наставниците и родителите, ние ја создадовме Playtime Edventures. Благодарение на нас, децата добија место каде што можат да си играат, да учат и да спијат. Со избор од над 50 интерактивни игри, нашите постелнини преставуваат одлична алтернатива за претераното гледање телевизија и непотребната употреба на други електронски уреди. Ова е совршен поттик за децата да си легнуваат порано“ вели Кевин Гетлин.

Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

На Кевин му биле потребни повеќе од две години за да ги заврши дизајните на постелнините. Денес компанијата нуди избор од 50 постелнини со интерактивни игри.

„Ми беше потребен тим за да ги создадеме постелнините. Јас само ја дадов идејата. Мојата сопруга, мајка ми и уште пет наставнички ми помогнаа да ги направиме дизајните на детските постелнини“ додал Гетлин.

Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

Исто така, битно е да се спомене дека со секое купување на постелнина, вие донирате за оние на кои им е најпотребно.

„Како компанија, ние секогаш ќе бидеме посветени на децата и заедниците во општеството. Во моментов соработуваме со детските болници, засолништата за жени и уште многу хуманитарни организации ширум светот.“

Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

Според нив, досега се донирани 3.000 постелнини на оние деца кои не можат да си ги дозволат. Исто така, компанијата дава можност да ја одберете болницата или организацијата на која сакате да донирате.

Погледнете ги и „развеселените“ ѕидови во една болница, дело на група уметници од Лондон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар