Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

Понекогаш имаме впечаток дека сме виделе сѐ и дека повеќе не постојат нешта кои можат да ни изнудат силна емоција. Но, следниве фотографии нема да ве остават рамнодушни. Шепите на кучето кое било малтретирано, ученикот кој починал, но сепак се „појавил“ на доделувањето на дипломите или погледот на двајца млади кои сѐ уште не знаат дека ќе бидат во брак цели 60 години – ова се моменти фатени на фотографии за кои ќе размислувате со денови.

1. Луѓе кои се залагаат за заштита на животните спасиле 50 кучиња од фарма за месо во Јужна Кореја

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

2. „Мојот татко беше бездомник и невработен во последните неколку години. Неодамна тој се вработи во една болница и сега може да си дозволи свој стан. Ова е тој во својата нова униформа, обидувајќи се да изгледа силен. Нештата стануваат подобри.“

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

3. Еден ученик им се спротивставил на вооружените напаѓачи во училиштето и им дал шанса на своите соученици да преживеат. Тие ја донеле неговата фотографија на завршната церемонија за доделување на дипломите.

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

4. Тој се борел со ракот за да ги види своите новороденчиња. Успеал!

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

5. „Благодарна сум им на волонтерите кои ѝ помогнаа на најдобрата пријателка на баба ми да си ги исполни својот сон.“

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

6. Повеќе од еден милион луѓе во Хонгконг протестираат, а рециклирањето им е приоритет

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

7. Еден фотограф забележал патка која е заглавена во рибарска мрежа. Ја зел дома, се грижел за неа и повторно ја ослободил.

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

8. „Помагам да се исчисти територијата околу реката Охајо. Собравме повеќе од 18 тона ѓубре за само една недела.“

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

9. Атлетичарката Бети Робинсон доживеала авионска несреќа и по грешка била прогласена за мртва. Таа била во кома седум недели и ѝ требале две години за повторно да научи да оди. Пет години подоцна, таа освоила златен медал на Олимписките игри во 1928 година.

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

10. „Мајка ми и татко ми во 1955 година. Оваа фотографија е направена во нејзиниот дом, пред нивниот прв состанок. Тие беа во брак цели 60 години.“

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

11. „Јас дојдов во стационарот за да земам друго куче, но некој веќе го зел пред мене. И тогаш го видов Енглберт – неговите задни шепи не се движеа, неговите уши беа смрзнати и имаше само три заба. Во тој момент си помислив ‘Ако не го земам јас, никој нема да го стори тоа.’“

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

12. Националниот менаџер на паркот Конго гушка горила. Тој никогаш не ги остава животните и покрај опасноста: ловокрадците често ги убиваат надгледувачите на паркот.

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

13. Ова 12-годишно момче изработува вратоврски за кучињата во стационарите, со цел тие да изгледаат попривлечно за вдомување.

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

14. „Бев во продавница и неочекувано налетав на Том Харди. На крајот тој се понуди да ја плати мојата сметка и ми помогна да ги однесам работите дома.“

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

15. Жената секогаш ќе биде жена

Моќни фотографии кои ќе ви разбудат силни емоции

Погледнете ги и овие 17 емотивни фотографии кои ќе предизвикаат вашето срце да подзастане за момент.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар