Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

Спиењето е од суштинско значење за секое човечко и животинско битие. И покрај тоа што научниците сè уште не знаат сè за оваа состојба, сепак познати се многу работи поврзани со спиењето и со сонот. Ова се неколку интересни факти и занимливости поврзани со оваа секојдневна важна активност.

Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

1. Кога спиеме мозокот ги „полни батериите“, клетките се обновуваат и во телото се ослободуваат многу важни хормони.

2. Во текот на животот, во зависност од годините потребна ни е различна количина на сон, па така:

  • На бебињата им се потребни 16 часа сон
  • На децата од 3 до 18 години – 10 часа
  • Лицата од 19 до 55 години препорачливо е да спијат по 8 часа
  • Лицата над 65 години – 6 часа

Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

3. Според истражувањата, мажите сонуваат за други мажи 70% од времето, додека жените сонуваат за двата пола подеднакво.

4. Можеме да сонуваме само за лица кои веќе ги имаме некаде видено, без разлика колку ги паметиме.

5. 12% од луѓето сонуваат во црно-бело. Овој процент бил многу повисок, сè до пронаоѓањето на телевизијата во боја.

6. Сонувањето е нормална работа. Оние кои при спиењето не сонуваат, генерално имаат нарушена психичка состојба.

7. Британските војници биле првите кои развиле метод за останување буден повеќе од 36 часа. Кога ќе им се приспиело, тие на очите ставале специјални визири кои ја имитирале светлината на сонцето која ги расонувала.

8. Животни кои спијат најмалку:

  • Жирафите – 2 часа на ден (на сесии од по 5-10 минути)
  • Срните – нешто повеќе од 3 часа на ден
  • Азиските слонови – нешто повеќе од 3 часа

Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

9. Животни кои спијат најмногу:

  • Коалите – 22 часа во текот на денот
  • Кафените лилјаци – 20 часа во текот на денот
  • Мравојадите – 18 часа во текот на денот

10. Кога делфините заспиваат, само половина од мозокот им се исклучува. Другата половина останува будна за да го помага дишењето.

11. Лицата кои се родени со загубен вид, исто така можат да сонуваат слики. Тоа се случува благодарение на другите сетила за звук, мирис, допир…

12. Полесно е да го загубите животот со лишување од сон, отколку со лишување од храна. Без храна човекот може да издржи околу 2 недели, додека без сон ни 10 дена.

Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

13. 5 минути по будењето, веќе сте го заборавиле половина сон. 10 минути покасно, 90% од него.

14. Според истражувањата, на секои педесет тинејџери, еден сè уште мокри на спиење.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. 1231 Reply

    Interesnoo! ;D

  2. sara Reply

    fala za informacija kolku treba da spieme na nasi god

Напиши одговор на 1231 Откажи одговор