Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка

Џеси Нејги има 4-годишна внука, Изи, која навистина сакала да се облече како принцеза кога ќе оди во кино да го гледа новиот филм за Пепелашка, но се плашела дека никој друг нема да биде така облечен и дека таа ќе се издвојува. Токму тогаш 26-годишниот актер (кој има тетоважи и мускули) решил да се облече како принцеза за Изи да не се чувствува сама во тоа.

(1) Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка

Нејги го позајмил матурскиот фустан од една негова пријателка, ставил тијара, земал мала ташничка и… па, добро не облекол штикли, ама мислиме дека тоа е сосема во ред со оглед на фактот што излегол во јавност облечен како принцеза.

(2) Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка

Ако тоа ја прави среќна, јас ќе го направам. За ништо друго не се грижам, вели тој. И ние целосно се согласуваме. Секој би требало да прави сè што е во неговата моќ за да измами насмевка на лицата на малите дечиња. Браво Нејги, ти си одличен модел за однесување!

(3) Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар