Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

За некого симбол со длабоко значење, за некого украс на телото, тетоважите не се повеќе несекојдневна појава во нашето општеството. Оваа уметност во последните години зема голем замав и сите познаваме човек со барем една тетоважа. Фактот дека тетовирањето стана популарно е и отворањето на голем број тату студија, но и појавата на тату артисти кои работат во домашни услови. И покрај тоа што тетоважите навистина земаа голем замав, сѐ уште владеат одредени стереотипи за луѓето чие тело е украсено со цртежи од перманентно мастило.

Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

Почнувајќи од родителите, па сѐ до работодавците, најчестиот совет што го слушаме кога некој ќе ја чуе нашата желба да се тетовираме е: „Немој да се тетовираш, тоа е засекогаш, ќе си го уништиш телото. Ако баш мораш, одбери некоја мала тетоважа и стави ја на невидливо место.“ Па, повеќето луѓе навистина се одлучуваат за ваков тип тетоважи. Никому не му пречат дискретните, симпатични тетоважи на скриени места. Но, што ако сакаме да ги истетовираме целите раце и вратот? Како ќе нѐ гледаат луѓето тогаш? Дали тоа ќе го смени нивното мислење за нас? Зошто да мораме да ги покриваме рацете секогаш кога ќе треба да одиме на состанок со некој важен клиент? Зар не се бориме за слобода на изразување?

И тетовирањето е еден вид изразување. На тој начин, го изразуваме нашиот стил, сензибилитет, па дури и откриваме подлабоко скриени тајни. Македонија е земја каде што владеат многу предрасуди од секаков тип. Па, колку македонскиот народ е толерантен кон луѓето кои го искористиле телото како платно за цртање? Ние поразговаравме со неколку наши тату артисти кои ни открија со какви предрасуди се соочиле во текот на животот поради тетоважите, но и споделија некои интересни работи за самото тетовирање…

Ацо Николов од „Temple of Ink“

Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

Ацо работи како тату артист цели 17 години. Од негово искуство, тој исто така забележал дека во последните 5-6 години бројот на Македонците кои сакаат да се тетовираат е значително поголем за разлика од неговите почетоци.

„Тогаш единствената реклама беше препораката што се пренесуваше од човек на човек. Денес живееме во Интернет доба и технологијата и медиумите си го прават своето“, изјави Ацо.

Според Ацо, развојот на технологијата е заслужна за зголемувањето на популарноста на тетоважите, бидејќи многу луѓе секојдневно имаат можност да гледаат разни тетоважи и да се информираат за целиот процес на тетовирање, па затоа и многу полесно се осмелуваат на таков чекор. Но, кои се тетоважите што најчесто ги бараат и на кои места решаваат да се тетовираат луѓето кај нас?

„Во последно време, слободно можам да кажам дека клиентите кои доаѓаат кај мене бараат секаков стил на тетоважи и полека, но сигурно, излегуваме од она здодевно клише на балканско функционирање. Освен тоа, решаваат да се тетовираат секаде каде што е изводливо да се изработат сликите“, открива Ацо.

Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

Ова се одлични вести! Тоа значи дека Македонците немаат толку големи предрасуди околу тоа што и каде да тетовираат. Но, дали тоа значи дека тетоважите не влијаат на туѓото мислење? Ацо ни раскажа за неговото искуство…

„Сум се соочил со секаков калибар на народ полн со предрасуди… Но, едноставно, јас лично никогаш не сум се заморувал со тоа, а и не сум обрнувал внимание. Како што гледам, полека, но сигурно, сето тоа го снемува со новите генерации. Секако дека тетоважите влијаат на мислењето на оние луѓе кои живеат еднонасочно и не знаат да погледнат малку пошироко. Тоа можеби е и последица на старите генерации на ова поднебје коишто имаат поинакво и построго воспитување. Меѓутоа, сето тоа веќе исчезнува и мене ме радува што бројот на љубителите на оваа уметност на кожа е сѐ поголем.“

Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да ги одобруваат вашите тетоважи. Најдоброто нешто што можете да го направите во таков случај е да не им обрнувате внимание. Тие поединци и онака стануваат сѐ поретки. Можеби нема никогаш целосно да исчезнат, но барем нивниот број со сигурност ќе се намалува како што ќе изминуваат годините.

Дуле Младеноски од „TA2 Skin Art“

Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

Дуле е еден од помладите уметници кои навистина си ја знаат работата. Со оглед на тоа што има завршено уметничко училиште, за него тетовирањето е уметност и не мора секоја тетоважа да има длабоко значење.

„Самата слика е украс на телото. Ако има подлабоко значење, тоа е само плус. За мене тетовирањето е уметност. Исто како што ја купувате сликата што ви се допаѓа за да ја ставите на ѕид, така можете да одберете слика која ви се допаѓа и да ја ставите на вашето тело“, објаснува Дуле.

Сепак, дури и да се согласувате со неговото мислење, Дуле ве советува добро да размислите пред да решите да се тетовирате.

„Никогаш не тетовирајте тетоважи што се во тренд. Размислете убаво што сакате на своето тело и одете на консултации кај својот артист, па ако треба и неколку пати додека не се дојде до заедничка идеја.“

Откако ќе се одлучите за вашата прва тетоважа, сигурно ќе се двоумите малку и околу тоа каде да ја ставите. Дали да одберете поскриено место? Каде боли најмногу? Можете да побарате совет од тату артисти, но конечната одлука останува на вас.

„Никогаш немало правило каде да биде првата тетоважа. Јас како артист можам само да предложам место кога се работи за поголеми тетоважи за да не се изгуби естетиката на самата слика.“

Македонските тату артисти се едногласни: Тетоважите влијаат на туѓото мислење, но тоа не е воопшто важно!

Одбравте тетоважа, решивте каде да ја ставите, собравте храброст, но сѐ уште ве загрижува туѓото мислење. Како ќе ве гледаат другите луѓе откако ќе се истетовирате?

„Предрасуди имало и ќе има во врска со тетоважите во Македонија уште долго време, за жал. Сум се соочувал често со предрасуди, меѓутоа не сум човек кој се заморува со туѓото мислење кога станува збор за тоа како изгледам, какви тетоважи имам и што работам“, признава Дуле.

Дуле, исто како и Ацо, смета дека најдобриот лек за предрасудите е да не им се придава значење. Ако имате доволно самодоверба кога станува збор за вашиот изглед, стравот од осудувањата не би требало да ве одврати од идејата да си го украсите телото со тетоважа. Каква теоважа ќе одберете и каде ќе ја ставите, останува на вас!

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар