#Thrifting: Сè попопуларен моден тренд кај помладата генерација

#Thrifting: Сè попопуларен моден тренд кај помладата генерација

#Thrifting или штедливоста како еден од најпопуларните начини за купување облека ја стекна својата популарност во текот на последната деценија. Ова е исклучително популарно кај генерацијата Z, а причини има многу.

Порастот на набавката на облека од втора рака може да се припише на големиот развој на индустријата за брза мода. Брзиот развој доведе до полемики околу неетичкиот третман на работниците и несигурните услови за работа во текстилните фабрики, а тука е и проблемот со отпадот од текстил, во контекст на фактот дека текстилната индустрија е втор по големина загадувач во светот. Токму овој проблем е причината зошто младите луѓе се свртуваат кон штедливоста. Употребата на рециклирани материјали во производството на облека станува сè попопуларно, но честопати производството на таква облека е поскапо и затоа крајниот производ е поскап. Социјалните мрежи играат голема улога во зголемената популарност на штедливоста. Иако овој тренд е попопуларен во земји како Америка и Велика Британија, тој се вкорени и кај нас. Продавниците за половна облека веќе се омилени меѓу граѓаните.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de ANNA ROSA VITIELLO (@annarvitiello)

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Alex van Os (@op_shop_to_runway)

Прочитајте и за овие 5 трендови за убавина инспирирани од 80-тите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар