Магична мини плажа отсечена од морето

Магична мини плажа отсечена од морето

На околу 100 метри од морето, скриена во зелени пространства, лежи „Playa de Gulpiyuri“, најшармантната мини плажа што некогаш сте ја виделе. Сместена е во рајско заливче, во близина на гратчето Јанес (Llanes), во централниот дел на северното шпанско крајбрежје. Со морето е поврзана преку подземни пештери, односно со главните „виновници“ за нејзиното постоење. Заливот се формирал откако се урнал задниот дел на една од пештерите, оставајќи празнина со дијаметар од 50 метри (карстен феномен познат како sinkhole).

Магична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од морето

Со помош пак на плимата и осеката, низ годините полека се наталожил и фин златен песок, кој на плажата ѝ дава неверојатен изглед. Водата е кристално чиста и благо се бранува, иако е далеку од отвореното море. Оваа природна реткост, денес е вистинска туристичка атракција. Ако и вие одлучите да ја посетите, обидете се да ги избегнете викендите, бидејќи тогаш плажата е преплавена со илјадници љубопитни туристи.

Исто така, треба да знаете дека прилично тешко се доаѓа до местото. Тоа е навистина добро сокриено во зелените пространства. Со други зборови, потребен ви е добар GPS или солиден локален водич. 🙂

Магична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од моретоМагична мини плажа отсечена од морето

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Марина Reply

    Четвртата и петтата слика не се од истата плажа.

Напиши одговор на Марина Откажи одговор