Запознајте го најсреќниот човек на планетава

Сподели

Автор: Александра Чакаровска

Реклама

Без сомнение го пронајдовме најсреќниот човек на планетава. Тој е 88 годишен дедо, се вика Johnny Barnes и живее на Бермудите. Секој ден, без разлика на временските услови, застанува на точно определено место и им ја пренесува целата своја среќа на сите оние кои што ги среќава. Со својата насмевка и со зборовите „ве сакам“, успева да измами многу насмевки и да им го разубави денот на случајните минувачи.

Оние кои не го знаат, очекуваат да ги застане и да им бара пари. Но, набргу се изненадени кога ќе им посака убав ден, ќе ги поздрави со насмевка и ќе им каже дека ги сака. Жителите на островот го знаат и очекуваат да биде таму, на истото место, секој ден. Со својата неизмерна љубов, овој дедо ги трогнува сите и пренесува универзална порака, дека светот ќе биде подобро место доколку луѓето се сакаат.rn
rn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира