Колку долго трае бременоста кај животните?
9. Лемур: 135 дена

Постојат над 100 различни видови лемури. Прстеноопашестите лемури обично се парат во април и во текот на летото раѓаат 1 или 2 младенчиња.
10. Мечка: 220 дена

Невообичаено е да видите мечки заедно, освен ако не е сезона на парење. Младенчињата се раѓаат на почетокот на годината, во јануари и февруари и остануваат со своите мајки додека не наполнат 2-3 години.
11. Фока: 280 дена

Како и луѓето, фоките се бремени околу 9 месеци, но можат да останат бремени 11 месеци.
12. Коњ: 365 дена

Кога кобилата ќе биде подготвена да се породи, нејзиното бебе е околу 10% од нејзината тежина, што значи дека ждребето може да има 45 килограми.
13. Белуга-кит: 450 дена

Женките обично раѓаат 1 младенче на секои 2-3 години. За разлика од луѓето и од другите домашни животни, папочната врвца на белуга-китот се откинува при раѓањето за да може бебето слободно да плива покрај својата мајка.
14. Жирафа: 465 дена

Поради долгите нозе на жирафата, најудобната положба за пораѓање е да стои во исправена положба. Кога ќе се родат, бебињата паѓаат директно на земјата од повеќе од 150 центриметри висина.
15. Морж: 600 дена

Иако моржовите живеат во големи групи на мраз или на брегот, нивното парење се одвива приватно, под вода. При раѓањето, едно младенче може да тежи околу 58 килограми.
16. Слон: 665 дена

Бременоста кај слоновите трае 95 недели. Поради тоа, слоновите раѓаат околу 4 младенчиња во текот на животот.
Прочитајте ги овие 13 факти за животните што ќе ве зачудат.





























