Какви професори сакаат студентите и учениците?

Какви професори сакаат студентите и учениците?

На студентите и учениците им е преку глава од професори со кои ќе си играат мачка и глушец. Тие сакаат…

(1) Kakvi-profesori-sakaat-studentite-i-uchenicite-www.kafepauza.mk

1. Професори кои предавањето ќе го направат интересно и забавно.

2. Професори кои страсно си ја работат својата работа и не изгледаат како да се таму само заради плата и малтретирање.

3. Професор кој ќе им помогне да научат, а не некој што само ќе ги казнува кога немаат научено.

4. Сакаат професори кои знаат да си ги признаат грешките и не изигруваат безгрешници.

5. Сакаат професор кој нема само да предава, туку ќе ги учи.

6. Сакаат професор кој ќе ги почитува, затоа што и тие заслужуваат почит.

7. Сакаат професор кој ќе го почитува нивното слободно време и нема да им го одзема целото со домашни задачи и проекти.

8. Сакаат професори на кои им е важно учениците да знаат и да разбираат.

9. Професори кои ќе ги предизвикуваат да размислуваат на поинаков начин, кои само ќе ги насочуваат, но нема да им наметнуваат одреден став.

10. Сакаат професор кој ќе им даде простор и време да научат.

11. Професор кој ќе внимава на нив.

12. Професор кој ќе ги охрабрува да го зборуваат тоа што го мислат.

13. Сакаат толерантен професор, а не генерал.

14. Сакаат професор со кој ќе можат да се идентификуваат, кој ќе има разбирање за нив и со кој ќе можат да изградат врска на доверба.

15. Сакаат професор кој ќе знае добро да управува со часот и нема да дозволува работите да му се лизнат од раце поради себе или некои ученици или студенти.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар