19 нешта кои ќе ги разберат само оние девојки чиј моден стил е едноставен за одржување

19 нешта кои ќе ги разберат само оние девојки чиј моден стил е едноставен за одржување

Девојките кои имаат едноставен моден стил кој лесно се одржува имаат голема предност над оние кои постојано ги следат модните трендови. Тие брзо се подготвуваат, не поминуваат многу време пред шкафот, ниту пак губат време со средување на фризурата и шминката. Доколку и вие сте една од овие девојки, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во следниве 19 размислувања и однесувања…

19 нешта кои ќе ги разберат само оние девојки чиј моден стил е едноставен за одржување

1. Вие имате само 3 фризури: пуштена, коњско опавче и пунџа.

2. Вие имате еден пар чевли кои ги носите со 95% од вашата гардероба.

3. Поголемиот дел од вашата облека се состои од комбинација од маички и фармерки.

4. Вие многу лесно и брзо се подготвувате. Што ќе носите? Првото нешто што ќе ви дојде при раце, во комбинација со вашите удобни обувки и за 2 минути сте подготвени.

5. Имате неколку летни фустанчиња кои прават илузија дека сте вложиле многу повеќе напор во подготовката.

6. Вие мора многу внимателно да ѝ објасните на вашата фризерка дека ви е потребна фризура која е лесна за одржување бидејќи едноставно немате време за губење со неа. Вашата идеја за стилизирање на косата е да се погрижите без многу напор таа да изгледа убаво, а во оние моменти кога се чувствувате поотмено, додавате и мала штипка или лента за коса.

7. Вие гледате на шминката како на нешто малку застрашувачко. Ги разбирате нејзините основи, па дури и можеби користите малку пред да излезете од дома, но откако имате гледано некои туторијали на Јутјуб убедени сте таа е доказ за постоење вештерство.

8. Во моментот кога ќе сфатите дека треба да носите високи потпетици на одреден настан, вие веднаш станувате помалку возбудени.

9. Но, кога конечно ќе се убедите да се дотерате вие повторно сте многу возбудени. Штиклите и не се толку лоши бидејќи прават вашите нозе да изгледаат многу подолги. Дефинитивно треба да почнете почесто да ги носите.

10. На половина време од настанот, вие се потсетувате зошто мразите високи потпетици и посакувате да ги исечете вашите стапала со џебен нож. Сигурно тоа ќе боли помалку отколку да бидете во овие чевли уште 3 часа.

11. Вие им завидувате на мажите кои можат да носат патики во сите пригоди. Тоа е вашиот сон!

12. Кога вашите пријателки сакаат да излезете, вашиот омилен избор за модна комбинација е кул јакна врз маичка и фармерки.

13. Вашите пријателки едвај ги чекаат оние денови кога им дозволувате да си поиграат со вашиот моден стил. Тоа за нив е како новогодишен подарок со фустани, штикли и моливче за очи.

14. Секој пат кога ќе се дотерате, имате момент на Пепелашка пред вашите пријателки. Вие изгледате толку прекрасно. Кој би рекол дека вашиот струк е толку добро обликуван? Мора почесто да се облекувате на овој начин.

15. Задниот дел од шкафот е местото каде што живеат сите ваши „фини облеки“. Тие се вашиот избор за свадба или погреб.

16. Кога прв пат сте добиле работа или сте почнале со стажирање на место каде што било потребно да се облекувате „бизнис професионално“, вие малку плачевте бидејќи едноставно не знаевте што би можеле да носите.

17. Но, по некое време сфативте дека овој изглед и не е толку лош и дека многу лесно се постигнува со комбинација од неколку видови парчиња облека – нешто со што вие добро владеете.

18. Вие поседувате контактни леќи, но почесто ги носите очилата бидејќи не сакате да вложувате дополнителен труд.

19. Одењето во теретана на крајот од денот е само еден вид изговор да носите удобна облека со часови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. ana Reply

    de voa nescafe trgnete go nisto nemozam da citam ………

    • Кафе пауза Reply

      Ана, треба да почекаш да се отвори целосно сајтот. Рекламата си доаѓа на место и не ги покрива содржините.

  2. Ane Reply

    Eve na jas sum takov primer..hahahahaha….

Остави коментар