Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

Многубројните легенди, богатата историја и стариот град го прават Краков еден од најпосетуваните градови на стариот континент. Во продолжение прочитајте дел од занимливостите за овој град што ги одбравме специјално за вас.

Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

1. Краков е втор по големина град во Полска, сместен во јужниот дел на државата, на брегот на реката Висла.

2. Денешниот град е основан во VII век. Основан е на местото на населба која датира од камената доба и во текот на историјата станал вториот најважен град во денешна Полска. Зачетоците на градот почнуваат како селска населба на ридот Вавел и за него е важно да се каже дека бил значаен трговски центар во словенска Европа.

3. Главниот плоштад на Краков, „Рунек Гловни“ се наоѓа во центарот на стариот град. Со површина од речиси 4 хектари, тој е најголемиот средновековен плоштад во Европа.

4. Според една легенда, во 13 век, за време на инвазијата на Татарите, дежурниот стражар пробал да ги алармира граѓаните за приближувањето на непријателот преку свирењето на труба. Иако градските порти биле навреме затворени, сепак, една татарска стрела успеала да го погоди стражарот во грлото пред да даде сигнал со трубата. Денес, во чест на стражарот, од повисоката кула на базиликата Света Марија се слуша карактеристичниот звук на труба кој одекнува четири пати, секојпат нагло прекинат – како метафора на незавршената мелодија на трубачот.

5. Јагелонскиот универзитет е основан во 1364 година под името „Краковска академија“ и е вториот најстар универзитет во Централна Европа по Карловиот универзитет во Прага. На Јагелонскиот универзитет е отворена и првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија.

6. Во Краков живеат 750.000 луѓе од кои 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.

7. Познатата слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“ се чува во музејот Чарториски, еден од најстарите музеи во Полска.

8. Легендата за змејот е веројатно најпознатата легенда поврзана со овој град. Според оваа легенда, за време на владеењето на кралот Кракус се појавил змеј кој се населил во една пештера под ридот Вавел. Змејот ги уништил околните села и се хранел со добиток, но и со девојки. Затоа кралот наредил да го убијат змејот, во замена нудејќи ја раката на својата ќерка на оној кој ќе успее во тоа. По многу неуспешни обиди на витезите, еден чевлар успеал во мисијата. Тој купил овца, ѝ ја натопил волната со сулфур и му ја принел на змејот како жртва. Ненаситниот змеј ја изел овцата, по што почувствувал голема жед. Се спуштил до брегот на реката Висла за да ја изгасне жедта и за кратко време експлодирал. Денес, во чест на оваа легенда, секоја година во Краков се одржува фестивал на змејот.

Откако ги прочитавте занимливостите за Краков, ви препорачуваме да прочитате и за мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар