9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Имањето деца е можеби искуството што најмногу го менува животот, но многу баби и дедовци тврдат дека имањето внуци е уште подобро. Сепак, кога сте баба или дедо, овде сте за сите добри моменти, а можете да ги избегнете досадните.

Можете да им купувате слатки на внуците, а кога ќе станат хиперактивни да ги вратите кај родителите. Можете да ги прегрнувате и да ги сакате, но кога ќе дојде време за менување пелени, повторно да им ги дадете на родителите. Се разбира, многу баби и дедовци постојано им помагаат на родителите со внуците, а тоа пак има одлично влијание врз нивното здравје. Во продолжение, дознајте кои се придобивките од имањето внуци.

1. Подобрен когнитивен перформанс

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Иако внуците, особено помалите, можат да бидат вистински ментален напор, поминувањето време со нив може да ви го подобри когнитивниот перформанс. Според едно истражување од Националната медицинска библиотека во САД, жените во менопауза кои минувале еден ден неделно со нивните внуци, имале најдобар когнитивен перформанс за разлика од другите врснички. Доколку поминувате премногу време со внуците, тоа пак може да ја влоши вашата меморија и брзината на процесирање.

2. Намален ризик од Алцхајмерова болест

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Минувањето време со внуците не само што ќе ја зачува острината на вашиот ум, туку ќе ви го намали и ризикот од Алцхајмеровата болест. Жените кои се грижат за нивните внуци имаат помали шанси да ја развијат болеста за разлика од другите.

3. Намален ризик од депресија

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Многу баби и дедовци признаваат дека минувањето време со нивните внуци прави да се чувствуваат среќно. Врската помеѓу бабите и дедовците и нивните млади внуци има позитивно влијание и за внуците и за бабите и за дедовците. Колку е поблиска нивната врска, толку се посилни антидепресивните својства.

4. Зголемување на енергијата

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Иако внуците навистина можат да ве изморат, времето што го минувате со нив може да ве направи поактивни. Децата имаат толку многу енергија која е заразна, но тоа не значи дека нема да бидете преморени веднаш штом ќе си легнат.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар