Истражување: Доколку сакате да живеете подолго, станете вегани

Долгиот и здрав живот им е приоритет на речиси сите. Но, како да го добиете? Доколку сте подобро информирани, веројатно веќе знаете дека би требало да го намалите внесот на месо ако сакате да живеете подолго и поздраво. Но според едно истражување, луѓето кои сакаат месо би требало да направат драстични промени.

Истражување: Доколку сакате да живеете подолго, станете вегани

Имено, веганите се најздравите луѓе, и тоа благодарение на исхраната базирана на овошје и зеленчук. Во истражувањето учествувале 840 луѓе со 4 разни видови на исхрана – вегани, лакто-ово вегетаријанци, вегетаријанци и полувегетаријанци.

Испитаниците дале примерок од крв и урина, а научниците проверувале ниво на масти, антиоксиданси и витамини. Се утврдило дека веганите имаат најмалку лоши масти во организмот и најмногу антиоксиданси, кои се клучни за здравјето и виталноста.

Исто така се утврдило дека веганите имаат повеќе омега 3 масни киселини, што е навистина изненадувачки, бидејќи овие киселини најмногу се наоѓаат во рибата што веганите не ја консумираат. Сепак, омега 3 масните киселини се наоѓаат и во јаткастите плодови, чиа семето и ленот – нешто што често се наоѓа на менито на веганите.

Вегетаријанците покажале речиси исти резултати како и веганите, додека кај полувегетаријанците приказната била поразлична. Нивните примероци крв и урина биле слични како на оние кои редовно јаделе месо.

Авторите на истражувањето препорачуваат дека овие резултати не значат дека целосно треба да се откажете месото, туку да го консумирате најмалку, а да направите повеќе место за овошје и зеленчук.

Дознајте и што ќе се случи со вашите тело и самодоверба доколку станете вегани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар