16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Тетоважите можат да бидат многу повеќе од обични слики на нашето тело. За некои групи луѓе, тетоважите имаат посебно значење кое кажува нешто за личноста што ги има. Па, ако некој има тетоважа која не одговара со неговиот карактер или социјален статус, тоа може да се сфати и како навреда. Веројатно сте виделе многу од тетоважите во продолжение, а сега ќе го откриете и нивното сокриено значење.

1. Солза

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Солзата под десното око често значи дека личноста извршила или се обидела да изврши убиство. Многу луѓе ја прават оваа тетоважа и ако некоја сакана личност е во затвор или загинала трагично. Оваа тетоважа може да ви донесе неволја доколку сте ја ставиле од забава, бидејќи во светот на криминалците, луѓето веруваат дека мора да ја „заработите“ секоја тетоважа.

2. Буда

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Сликата од кој било бог на телото е богохулие. Поради ова, многу туристи со вакви тетоважи можат да завршат во полиција кога патуваат во будистички држави.

3. Јакуза

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Во Јапонија, само луѓето кои се дел од Јакуза имаат дозвола да прават вакви тетоважи. Јакуза е најмоќната и најкрвавата криминална банда во Јапонија, па доколку не сте член а имате ваква тетоважа, може да ве снајде неволја.

4. Детелина со три листа

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Луѓето често тетовираат детелина за среќа, но доколку направите детелина со три наместо со четири листа, ова ќе значи дека сте дел од ирска криминална банда. Доколку вистински член на оваа банда забележи ваква тетоважа на обична личност, може да настане неволја.

5. Бодликава жица

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Во светот на организираниот криминал, тетоважата со бодликава жица значи дека сопственикот бил обвинет. Секој јазол на жицата претставува една година во затвор. Па кога „мирните“ граѓани прават ваква тетоважа, оние што биле затвореници го гледаат тоа како навреда или шега.

6. Предатори што ржат

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Обичните луѓе ги поврзуваат овие слики со храброст и моќ. Во криминалниот свет, луѓето кои имаат ваква тетоважа покажуваат дека се склони кон насилство или дека се подготвени да направат криминално дело без жалење.

7. Прстени на прстите

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Овие тетоважи се најбрзиот и најлесниот начин да одредите дали личноста била обвинета или е почитувана во затворот. Секој прстен ја покажува моќта на нејзиниот авторитет и нејзиното искуство. Па доколку поранешен затвореник забележи ваква тетоважа направена од забава, најверојатно ќе се навреди.

8. Крст на градите

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Навистина е опасно да ја имате оваа тетоважа во Русија бидејќи им припаѓа на најопасните криминалци од државата. Доколку искусен криминалец забележи дека сте ја направиле тетоважата од забава, можете да бидете обвинети за лажење.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар