Што значи доколку не сонувате?

Што значи доколку не сонувате?

Покрај тоа што соништата се мистериозни за оние кои ги сонуваат, тие се исто така непознати за експертите. Сепак, познато е дека соништата се невробиолошки процес, исто како и размислувањето.

Што значи доколку не сонувате?

Соништата се резултат на зголемена активност во дел од мозокот наречен неокортекс, а научниците сè уште се обидуваат да разберат како различни видови соништа активираат различни области на мозокот.

Иако сè уште не е утврдено зошто сонуваме или што точно значат нашите соништа, постојат одредени теории.

Според експертот Мајкл Брус, целта на сонувањето е обработка и складирање на информации.

„Една од функционалните цели на сонот е да се преместат информациите од вашата краткорочна во вашата долгорочна меморија“, објаснува Брус.

Сите ние доживуваме емотивни настани, а соништата се одраз на обработката, разбирањето и складирањето на овие настани, потврдува Брус.

Покрај емоционалната обработка и зацврстувањето на меморијата, соништата се извор на креативност и инспирација со векови.

Зошто некои луѓе не сонуваат?

Ова всушност не е точно. Факт е дека сите сонуваат. Оние кои мислат дека „не сонуваат“, всушност доживуваат длабок заборав.

„Она што им се случува на повеќето луѓе е дека кога ќе се разбудат, нешто ги тера веднаш да заборават што сонувале“, вели Брус.

Неприродните будења како што се оние предизвикани од будилникот или лаењето на гладниот миленик лесно можат да нè спречат да се потсетиме на нашите соништа, бидејќи веднаш почнуваме да дејствуваме и мозокот нема време да ги обработи информациите од нашите соништа и да ги запомни.

Повеќето од нашите соништа се случуваат за време на РЕМ спиењето. Според Брус, околу 80 проценти од РЕМ спиењето се троши во сон, иако можете да сонувате и во други фази на спиење.

Постојат неколку сценарија кои можат да го спречат РЕМ спиењето и следствено сонувањето. Како што објаснува Брус, „Лековите за спиење, анксиозноста, депресијата, дури и лековите против болки може да имаат драматичен ефект врз намалувањето на РЕМ спиењето“.

Помалку РЕМ сон значи помалку материјал за потсетување од соништата, а одредени додатоци во исхраната, алкохол и кофеин, исто така, може да имаат негативен ефект врз РЕМ спиењето.
Како најлесно да се потсетите на сонот што сте го сонувале?

„Будете се во исто време секој ден“, советува Брус. Ако, на пример, постојано се будите во 7 часот наутро во текот на три недели, целиот распоред за спиење ќе се прилагоди на тоа. Не само што ќе почнете да се будите природно во ова време, туку и веројатноста да се сеќавате на вашите соништа ќе биде поголема.

Брус исто така советува да водите дневник за соништата во кој ќе пишувате за вашите соништа веднаш штом ќе се разбудите, што е одличен начин за зајакнување на „мускулите“ на потсетување. Покрај тоа, Брус препорачува да не брзате да станете кога ќе се разбудите. Останете и лежете неколку минути во текот на кои ќе се потсетите на вашите соништа.

Извор: citymagazine.danas.rs

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар