Тест: Изберете мандала и откријте што ве спречува да ги остварите вашите соништа

Тест: Изберете мандала и откријте што ве спречува да ги остварите вашите соништа

Погледнете ги мандалите и изберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа. Изберете со вашето срце, без да размислувате премногу. Избраната мандала ќе ви открие што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите желби.

Тест: Изберете мандала и откријте што ве спречува да ги остварите вашите соништа

  • Мандала бр. 1

    Особина што ве кочи: желбата да држите сè под контрола.

    Како се манифестира: болка во слепоочниците, вознемиреност, чувство на замор. Луѓето честопати ве разочаруваат, а тоа е бидејќи сте премногу одговорни и истото го очекувате од нив. Сè што не се одвива според планот е причина за вознемиреност бидејќи ви дава чувство дека не можете да го контролирате она што се случува.

    Што да правите? Научете да работите во тим каде секој од членовите ќе биде одговорен за одредена област, не се мешајте во туѓите работи и не преземајте одговорност за туѓите задачи. Научете да им верувате на другите и контролирајте ја вашата желба за перфекционизам.

    Сепак, обидете се да обратите внимание и на вашите стравови кои ја поттикнуваат вашата желба да држите сè под контрола. Не заборавајте дека вие сте неприкосновен лидер, имате неверојатни организациски способности, паметни сте, но треба да се фокусирате само на задачите за кои имате доволно време и енергија, а кои директно се однесуваат на вас и на вашите интереси. Наместо да си наметнувате дополнителен товар, дајте им шанса на другите да дејствуваат без да ги контролирате.

  • Мандала бр. 2

    Особина која ве кочи: нетрпеливост.

    Како се манифестира: брзањето секогаш се поврзува со повреди на екстремитетите, модринки и, колку и да звучи парадоксално, со инхибиција, особено кога треба да се донесат брзи одлуки. Така, честопати носите погрешни одлуки, се лутите, ги преувеличувате проблемите и имате тенденција да правите од мравка-слон.

    Што да правите? Посветете му се на личниот развој така што ќе одвоите време за јога и медитација. Вежбајте длабоко дишење, правете план за секој ден во поглед на задачите и трошоците и намалете ја вашата интеракција со медиумите – интернет, радио, телевизија.

    Вие сте љубезна, креативна личност, полна со идеи, таленти и позитивна енергија – но, за максимално да ги искористите сите овие особини неопходно е да ја контролирате вашата нетрпеливост!

  • Мандала бр. 3

    Особина која ве кочи: емотивност.

    Како се манифестира: проблеми со висок крвен притисок и проблеми со тежината (прекумерна телесна тежина или слабеење) и кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, тука се вбројуваат и преземањето ризик, потсвесната потрага по адреналин, емоционалната нестабилност, промени во расположението, негативни емоции како лутина, незадоволство, бес и конфликтни ситуации со познати и непознати. Но, вие се со добро срце, па затоа конфликтите не траат долго.

    Што да правите? За да го намалите негативното влијание на оваа особина треба да најдете начин да се ослободите од сета негативност во вас. Добро би било да спортувате или да пишувате дневник. Морате да научите да управувате со вашето внимание и да го префрлите на нешто друго кога ќе се појави стресна ситуација.

    Прекумерната емотивност укажува на фактот дека имате премногу енергија, но ја насочувате кон непотребни работи. Затоа, научете како правилно да ја користите доколку сакате да бидете посреќни!

Доколку ви се допадна овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каде лежи изворот на вашата среќа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар