Денес во 11:11 часот замислете желба и испратете позитивна мисла во универзумот!

Денес во 11:11 часот замислете желба и испратете позитивна мисла во универзумот!

Дали ви се случило да сакате да го проверите времето на вашиот мобилен телефон па гледате дека е 11:11 часот? Брзате на состанок, а во одреден момент се појавува автобусот број 11? Вашите погледи се свртени кон регистрацијата на автомобилот пред вас, а во него се наоѓаат броевите 1111? Дали се обидувате да ја пронајдете компанијата во која одите на интервју за работа, а се наоѓа во зградата број 111?

Денес во 11:11 часот замислете желба и испратете позитивна мисла во универзумот!

Појавувањето и забележувањето на бројот 1 во низи не е случајно. Бројот 1111 се нарекува ангелски број и го означува нашето „духовно будење“. Некои тврдат дека оваа појава почнуваме да ја забележуваме кога сме на емоционална пресвртница и кога интуицијата ни е поостра, а ние сме почувствителни на енергијата околу нас и подобро ги забележуваме деталите.

На почетокот може да изгледа како случајност што гледаме низи единици насекаде, но тие се јасен знак за нов почеток. Забележувањето на оваа појава укажува дека сме на прагот на големи промени, а експертите советуваат дека токму тоа е моментот кога мислите треба да ги свртиме кон позитивност за да привлечеме добри промени во нашите животи.

Одлучноста, самодовербата и храброста се само дел од карактеристиките поврзани со бројот 1. Овој број, особено кога се појавува во серија, нè поттикнува да размислуваме за нови можности, почетоци и проекти и да визуелизираме позитивен исход.

Оваа појава на законот за привлекување ни помага да останеме присутни и свесни за нашите мисли и чувства во ова време на космичка промена на Земјата. Тоа може да послужи како потсетник дека постои некаква сила во универзумот од која можеме да бараме водство и мудрост секогаш кога чувствуваме дека животот е тежок, кога сме исплашени или изгубени. Токму во тој момент добиваме длабока духовна порака од нашите духовни водичи и ангели.

Забележувањето броеви кои се повторуваат, особено 11:11, значи дека треба да се фокусирате на позитивните мисли во тој момент, бидејќи вашите ангели најверојатно ќе ве наградат со манифестирањето на таа намера. Античкиот грчки филозоф Питагора бил првиот кој тврдел дека броевите содржат вибрациски својства. Тој сметал дека целиот универзум е математички прецизен.

Освен тоа, многу исцелители и духовни водачи на Земјата веруваат дека овој значаен збир на бројки носи порака од големите исцелители кои ни укажуваат на потребата да ја обновиме нашата врска со земјата и одново да ја воспоставиме рамнотежата.

Во ова време на промени, можеби универзумот ни испраќа феномени како што е забележувањето на бројот 11:11 за да ни послужат како потсетник да бидеме присутни и да испратиме позитивни мисли во универзумот за поголемо добро на сите живи суштества. Така, колку повеќе почнуваме да забележуваме такви случаи, толку повеќе позитивни вибрации можеме да испраќаме назад во универзумот. Никола Тесла рекол: „Ако сакате да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте во однос на енергијата, фреквенцијата и вибрациите“.

Откако прочитавте за нумеролошкото значење на бројот 11, можеби ќе сакате да ја прочитате и нумеролошката прогноза за следните 3 месеци.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар