16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле - Part 2

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

9. Пајакова мрежа

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Пајаковата мрежа е еден вид автобиографија на обвинетите луѓе. Ова значи дека биле во затвор долго време и дека се справувале со зависност од дрога. Еден прстен на мрежата претставува една тешка година од нечиј живот. На овој начин криминалците ги препознаваат „нивните“ луѓе и реагираат навистина негативно на оние кои ги прават овие тетоважи без значење.

10. Круна со пет точки

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Во САД, 5-те точки на круната се симбол на бандата Латински кралеви. Ова е една од најголемите шпански банди во и надвор од затворите. Очигледно, навистина е опасно да ја направите тетоважата од забава.

11. Три точки

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Оваа мала тетоважа го има истото значење низ целиот свет – „Mi vida locа“ (Мојот луд живот). Не кажува ништо конкретно за сопственикот, освен тоа дека го прекршил законот или дека има некоја друга поврзаност со криминалниот свет. Очигледно, доколку сте немале проблеми со законот, не би требало да ја правите оваа тетоважа.

12. Ѕвезди

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Ѕвездите се тетоважа што често ја имаат луѓето кои биле во затвор. Нејзиното значење се менува во зависност од локацијата на тетоважата. На пример, ѕвездите на коленото значат дека личноста нема да се потчини на никого, а ѕвездите на рамената се симбол за моќ и почит.

13. Карти за играње

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Во светот на организираниот криминал, секоја карта има свое значење. Поради ова, повеќето карти кажуваат многу за криминалецот, затворот во којшто бил и колкав е неговиот авторитет. Доколку значењето на картите не е поврзано со животот на сопственикот, многу луѓе го гледаат ова како лага.

14. Роза прободена со нож

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Оваа навидум романтична тетоважа, ја прават луѓето кои заминале во затвор пред да станат возрасни. Розата без нож значи дека личноста наполнила 18 години во затворот. Овие луѓе се сметаат за искусни затвореници, па доколку ја направи некој без време поминато во затвор, може да настане конфликт.

15. Кловн

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Во Бразил, оваа слика може да ве чини живот бидејќи е многу навредлива кон полицијата. Оваа тетоважа ја прават само луѓето кои убиле полицаец.

16. Политички и тетоважи поврзани со војна

16 „опасни“ тетоважи чие значење веројатно не сте го знаеле

Луѓето кои имаат тетоважи поврзани со сериозни политички или религиски теми би требало да бидат подготвени да се борат за нивниот став во секој момент. Во многу држави, луѓето со овие тетоважи се казнувани, па дури и со затвор.

Погледнете и што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар