8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Можеби ви е тешко да верувате, но нашите предци пиеле чај многу години пред нашата ера, а сега, многу векови подоцна, сите знаеме дека пиењето различни видови чај има многубројни здравствени придобивки. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е дека ќесичките чај може да ви помогнат во неколку итни ситуации.

1. Може да ви помогнат да се ослободите од црнките и од акните

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Зелениот чај има антибактериски и антиинфламаторни својства и е совршен за вас ако имате црнки и акни. Измешајте ја содржината од 2 ќесички чај со топла вода и со мед за да создадете природна маска за лице. Оставете ја на лицето околу 20 минути и веднаш ќе забележите како исчезнуваат црвенилото и иритацијата.

2. Може да ви ја олеснат забоболката

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Еден лесен начин да се ослободите од забоболката е локалната употреба на чај од нане. Бидејќи чајот од нане има антибактериски својства и ја ублажува болката, може да притиснете една малку топла ќесичка чај на забот што ве боли сè додека не помине болката.

3. Помагаат при ублажување на менструалните грчеви

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Менструалните грчеви можат да бидат најголемиот непријател на жената, но добрата вест е дека камилицата ги смирува болките и грчевите во мускулите. Можете да ја пиете во форма на топол чај или, ако имате када, да направите бања од камилица.

4. Може да ги смират болните брадавици по доењето

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Доењето може да биде магичен момент на поврзување помеѓу мајката и бебето, но тоа не е секогаш безболно. Во овој случај, чајот од нане може да биде добар лек за болните и испукани брадавици: само исцедете топла ќесичка чај и нанесете ја на брадавиците.

5. Може да ги намалат отоците и црвенилото на очите

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Ако не спиете доволно, може да се разбудите со оток и црвенило во очите. Но, ладните ќесички зелен чај може да ви помогнат повторно да се чувствувате како нови.

6. Ќе им помогнат на вашите растенија да бидат поздрави

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Не фрлајте ги искористените ќесички чај, тие можат да го подобрат здравјето на почвата и на растенија. Измешајте ги со другите органски остатоци и потоа додајте сè во саксиите.

7. Може да помогнат во лекувањето убод од комарец

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Камилицата помага во заздравувањето на раните и може да биде корисна при болни убоди од инсекти. За да ги искористите нејзините придобивки, направете чај од камилица и оставете го да се излади во фрижидер околу 30 минути. Потоа, нанесете нежно на местото каде што е убодот и оставете да стои 10 минути. Повторете ја постапката ако е потребно.

8. Може да помогнат во лекувањето полесни повреди

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Ако имате деца дома, модринките и гребнатините можат да бидат секојдневна појава. За да ги намалите црвенилото, отокот и болката, може да нанесете ладна ќесичка црн чај на повредата.

Прочитајте кои се 9-те здравствени придобивки од брусницата.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар