6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантно

На секое излегување на улица гледаме агресивни возачи кои возат супер брзо и неодговорно и ни оставаат впечаток на арогантни ликови на кои не им е местото на нашите заеднички улици. Сигурно на сите ви е преку глава од нив, но ако сакате подобро да ги разберете, прочитајте кои причини можат да придонесат за тоа.

6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантно

1. Го гледале „Брзи и бесни“ или некој сличен филм

Наспроти сите кампањи за безбедно возење или домашното воспитување во врска со бонтонот, забавната индустрија влијае во спротивен правец. Филмот „Брзи и бесни“ е еден таков пример. Тоа е филм кој го воспева неодговорното возење и тркање во урбани средини. На таков начин во вистинскиот живот почина еден од главните ликови во тој серијал, но тоа резултираше само со поголемо воздигнување на неговиот лик и дело. За жал тој има огромна база на фанови, а со тоа создава и огромна маса на луѓе кои можат да бидат опасни штом стигнат до волан. Тоа го докажува и драстичното зголемување на сообраќајните прекршоци и несреќи веднаш по прикажувањето на овој филм во кино. Затоа во САД е вообичаена практика да испратат повеќе патроли на терен во термините додека се прикажува овој или некој сличен филм.

2. Играле видео игри со тркање

Научните истражувања кои ги третираат агресивните возачи потврдуваат дека луѓето кои често се тркаат на компјутер претендираат тоа да го прават и на улица. Тие возат како да имаат замислена целна линија до која мораат први да стигнат, се однесуваат агресивно кон другите возачи и преземаат повеќе ризици при возењето. Ризиците не се само по сопствениот живот и здравје. Интересно било тоа што истражувањето покажало дека тркачките видео игри негативно влијаат само на мажите.

3. Данинг-Кругер ефект

Данинг-Кругер ефектот е виновен за многу лоши работи кои се случуваат во светот, меѓу нив и арогантното возење. Појавата на овој ефект значи дека личноста е цврсто убедена во своите способности, а всушност не е свесна дека нема никакви способности. Затоа некои луѓе мислат дека знаат да пеат, дека се идни славни фудбалери или дека можат да возат колку брзо ќе посакаат, а при тоа лесно ќе ги избегнат штетните последици. Возачот ги преценува своите можности, смета дека сите други се полоши возачи од него, седнува зад воланот, и…

6 причини поради кои луѓето возат брзо и арогантно

4. И безбедноста носи небезбедност

Сите инстинктивно тежнееме кон безбедност. Оној кој не се чувствува безбедно не вози пребрзо. Оној кој вози нов автомобил со воздушни перничиња, нови гуми и има одлични кочници ќе вози побрзо затоа што смета дека и со такво возење пак ќе биде безбеден. Самиот автомобил му дава можност да биде побезбеден од другите, но тој тоа го анулира со своето возење сметајќи дека можностите на автомобилот ќе спречат каква било несреќа.

5. Ген на лош возач

Човечкиот организам создава протеин кој се нарекува БНДФ. Тој му помага на мозокот да се обновува и да ги зачувува информациите во себе. Возењето во голема мера зависи од количината на овој протеин во мозокот. Возачите кои го имаат се подобри од оние кои го имаат во помали количини. Тоа понатаму се поврзува со генот Рс6265, кој се јавува кај вторите. Тоа не значи дека тие автоматски се послаби возачи, но сигурно имаат поголеми шанси да завршат лошо доколку не внимаваат на своето возење.

6. Им смрди автомобилот

Некои научни истражувања покажале дека лошата миризба предизвикува непријателски емоции и агресивност. Истиот тој лош мирис може да разбуди и некој непријатен спомен или да не му дозволи на возачот целосно да се сконцентрира на возењето. Затоа научниците веруваат дека ако нечиј автомобил мириса лошо со тоа се зголемуваат шансите тој да вози агресивно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар