10 интересни традиции со бакнување ширум светот

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Бакнувањето е важен дел од животите на луѓето. Самиот чин е присутен низ целиот свет, а секоја култура додава нешто интересно. На пример, Германците имаат збор „nachkussen“ што значи „надополнување за испуштените бакнежи“. Погледнете некои од најинтересните традиции со бакнување ширум светот. Некои од нив се древни, некои се понови. Некои се за среќа, а некои се знак за почит. А за некои не мора ни да бакнете друга личност.

1. Клупата за бакнување на Универзитетот Сиракуза

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Универзитетот Сиракуза во централен Њујорк има многу уникатни традиции кои студентите ги следат со години. Можеби најпознатата знаменитост на кампусот е Клупата за бакнување. Изградена како меморијал од класот од 1912-та година, студентите кои завршувале одлучиле да започнат традиција во која секоја генерација ќе остави нешто зад нив. Но она што излегло со клупата било нешто сосема поразлично.

Точното потекло не е познато, но традицијата што ѝ го дала името на клупата започнала во 1950-тите. Мажите и жените бакнувале некој на клупата со надеж дека ќе се ослободат од самотијата. До 1970-тите се верувало дека за да се венчаат и дипломираат, жените требало да бакнат некого на клупата. Наводно „клетвата“ не влијаела на машките. Денешната легенда е речиси иста – бакнете некого и добијте среќа, седнете сами и проколнете се со самотија.

2. Каменот Бларни

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Оваа листа не би била целосна без најбакнуваниот предмет во историјата. Каменот е обвиен со мистерија и не е познато неговото потекло. Кога станува збор за моќите на каменот, се верува дека Кормак Мекарти, личноста што го изградила замокот Барли во Ирска, спасил вештерка од давење. За да му покаже благодарност, вештерката му кажала дека ако го бакне каменот Блрани ќе добие посебни вештини за комуницирање и флертување.

3. Подарување бакнеж

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

„Faire la bise“ е француски израз што значи „да подарите бакнеж“ и ова е традиционален начин на поздравување во Франција. Овде постојат многу правила кои кажуваат колку пати треба да бакнете некого, како да го бакнете или кого да бакнете, па затоа и се смета за навистина комплексна социјална интеракција.

Најчесто поздравувањето е со допирање на образите, но доколку Французите се блиски еден со друг најверојатно ќе се бакнат во образот. Странците често ќе се воздржат од овој поздрав и ќе се ракуваат додека не се запознаат подобро. Исто така, ако пристигнете на забава, се очекува да ги бакнете сите за никој да не се чувствува изоставено.

4. Бакнување цигли

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Бакнувањето цигли се случува по секоја Наскар трка на автопатот Индијанаполис. Во 1996-та година, втората година од Наскар, возачот Дејл Џарет и неговиот партнер Тод Парот сфатиле дека им е потребна нивна традиција. На крајот одлучиле да ги бакнат циглите што ги означуваат почетокот и крајот на трката. Оттогаш ова станала најпрославуваната спортска традиција. Во раниот 20-ти век, автопатот бил направен со над 3,2 милиони цигли. Но поради истрошеност и безбедност, целиот пат бил покриен со асфалт освен делот на почетокот на трката.

5. Бакнување на прстенот на папата

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Една од најважните традиции на католичката црква е бакнувањето на прстенот на папата. Овој гест се гледа како почитување и прифаќање на фактот дека папата го претставува Исус на Земјата. Покрај тоа многу католици ги бакнуваат прстените и на свештениците со понизок ранг. Прстенот на папата е во употреба од средината на 13-тиот век. Направен е од злато и на него е прикажан Свети Петар за кој се верува дека бил првиот папа.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар