10 интересни традиции со бакнување ширум светот - Part 2

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

6. Столб за бакнување

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

На островот Елис, еден од најпрометните влезови за имиграција во САД од 1892-ра до 1954-та година, се наоѓа еден столб. Столбот бил наречен „Столб за бакнување“ и се наоѓал во делот во кој новите имигранти се соединувале со нивните семејства. Додека ја минувале контролата, пријателите и роднините биле разделувани. Кога конечно ќе завршел овој процес биле соединувани најчесто покрај Столбот за бакнување. Сигурно веќе ви е јасно дека името потекнува од многуте бакнежи што биле споделени на ова место. Со текот на времето столбот станал симбол на слободата и љубовта.

7. Свадбени традиции

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Речиси секоја култура има традиција на бакнување помеѓу момчето и невестата на нивната венчавка, а ова започнало со дрвните Римјани. Сепак, многу општества додале и свои елементи на оваа традиција. На пример во Шведска, по церемонијата момчето или невестата го оставаат сопружникот и кој било гостин од спротивниот пол може да го бакне оставениот сопружник.

Бакнувањето се поврзува и со потеклото на свадбените торти на катови. Во средновековна Англија, гостите носеле мали тортички на венчавката и ги ределе на куп што е можно повисоко. Ако момчето и невестата можеле да се бакнат над купот, ќе имале живот полн со изобилство.

8. Полна месечина

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Најстарата традиција на Универзитетот Стенфорд датира од 19-тиот век кога мажите од повисоките класи ги бакнувале жените бруцоши, а понекогаш им давале и рози. Денес овој настан повеќе наликува на оргија со бакнување каде што студентите се обидуваат да бакнат што е можно повеќе луѓе. Најпопуларните усни му припаѓаат на Дрвото, маскотата на универзитетот кое добива и до 1.000 бакнежи.

Иако имало неколку обиди за ставање крај на традицијата, таа сепак продолжува. Најчестиот изговор за прекинувањето е ширењето разни болести. Денот пред настанот студентите дури добиваат и совети за тоа што да бараат кај партнерот за бакнување и како да се бакнуваат безбедно.

9. Бакнежи на островите Тробријанд

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Релативно малиот архипелаг до источниот брег на Нова Гвинеја, островите Тробријанд, е дом на луѓе кои имаат навистина чуден начин на бакнување. Сè започнува едноставно – парот клекнува и почнува да се прегрнува. Потоа се бакнуваат со јазик, па почнува нешто навистина чудно – си ги гризат долните усни понекогаш толку силно што пуштаат крв. Последниот чекор од овој бакнеж е одгризување на трепките на партнерот, но најчесто ова се смета за интимно и не се прави во јавност. Ако имате кратки трепки, или ги немате воопшто, тоа ја покажува вашата популарност.

10. Фестивалот Омед-Омедан во Бали

10 интересни традиции со бакнување ширум светот

Во Сесетан, село на островот Бали, постои фестивал кој се одржува секоја година по Денот за тишина на хиндусите од Бали. Се верува дека со негова помош ќе се ослободите од несреќата во претстојната година. Тинејџерите се собираат околу главниот пат и кажуваат кратка молитва пред да започне настанот. Потоа почнуваат со бакнување и танцување, а гледачите ги прскаат тинејџерите со вода. Деталите за легендата за овој фестивал се нејасни бидејќи се верува дека започнал многу одамна. Се смета дека група тинејџери си играле во близина на куќата на болен старец на Денот на тишина. Тој им се развикал и веднаш се почувствувал подобро. Фестивалот бил преместен за наредниот ден поради почитување на старата традиција.

Пробајте ги и овие игри со бакнување што ќе ве вратат во детството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар