Тинејџерот кој преживеал 49 денови сам сред океан може да ве научи многу за издржливоста

Тинејџерот кој преживеал 49 денови сам сред океан може да ве научи многу за издржливоста

Сите сакаме да веруваме дека имаме некакви вештини за преживување и дека би можеле да се справиме во опасни ситуации. Но, во реалноста не можете да знаете дали навистина можете да се справите со нешто сè додека не се случи тоа.

Тинејџерот кој преживеал 49 денови сам сред океан може да ве научи многу за издржливоста

Одличен пример за ова е неверојатната приказна на Алди Новел Адиланг, тинејџер од Индонезија, кој работел на пловечка колиба за риболов. Веќе неколку години го работел ова без никаков инцидент, кога еден ден се случило нешто незамисливо.

Ова лето Алди работел, кога силен ветар ги скинал јажињата што ја држеле колибата и тој отпловил сред океан. Целото искуство било застрашувачко и ужасно, најмногу бидејќи Алди имал храна и вода само за неколку денови.

Тинејџерот кој преживеал 49 денови сам сред океан може да ве научи многу за издржливоста

Сепак, тој преживеал ловејќи риба и горејќи го дрвото од колибата за да ја зготви. Пиел морска вода што ја филтрирал со неговата облека со цел да не консумира премногу сол. Речиси и да не можеме да си ги замислиме отпорноста и желбата за живот на ова дете.

Алди конечно бил спасен од водата во Гуам по месец и пол поминат сред океан.

Тинејџерот кој преживеал 49 денови сам сред океан може да ве научи многу за издржливоста

„Секој пат кога забележувал голем брод, чувствувал надеж, но повеќе од 10 бродови поминале покрај него и ниту еден не застанал затоа што не го забележал“, изјавил Фахар Фирдаус, индонезиски дипломат од конзулатот во Осака.

Па, секогаш кога ќе помислите дека нешто е безнадежно, потсетете се на оваа приказна. Држете ја главата исправено и најдете начин да останете над површината (понекогаш и буквално). Одржете го тој фокус и ни самите нема да знаете на што сè сте подготвени, особено кога немате друг избор освен да верувате дека ќе го дочекате и утрешниот ден.

Во случај да се најдете во ваква или слична ситуација, добро би било да ги знаете овие совети и трикови за преживување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар