10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Една слика кажува илјада зборови, или го раскажува животот на нејзиниот креатор. Очигледно е дека фотографите се подготвени на сè за да ја направат совршената фотографија. За некои од нив, овие фотографии биле најдобрите во нивната кариера, но со превисока цена. Воената фотографија и фотографирањето на дивиот свет се обично најризични, бидејќи фотографите се наоѓаат на активни опасни зони. Иако многумина загинале во вакви околности, некои преживеале за да ги раскажат нивните приказни.

1. Атиф Саид бил речиси убиен од гневен лав

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Фотографот на див свет, Атиф Саид, речиси бил убиен од лав додека го фотографирал. Инцидентот се случил во национален парк во Пакистан. Атиф се возел наоколу кога го пронашол лавот. Се упатил кон него, излегол од возилото и почнал да го фотографира. Во тој момент бил оддалечен околу 3 метри од него. На лавот не му се допаѓало неговото присуство и го нападнал.

Атиф ја направил застрашувачката фотографија во моментот пред да се врати во џипот. Успеал да избега само затоа што ја оставил вратата отворена. Подоцна изјавил дека сега инцидентот му е смешен, особено откако се нашол на безбедност, но никогаш повеќе не би се ставил во таква ситуација.

2. Трејси Шелтон била речиси убиена од тенк

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Во 2012-та година, Трејси правела фотографии од Граѓанската војна во Сирија и била речиси убиена од тенк на официјалната влада на Сирија. Нивниот главен непријател е Слободната сириска армија, група бунтовници кои сакаат Башар ал Асад да се тргне од функцијата претседател.

Трејси била со нив пред да пристигне тенкот и ги фотографирала додека ја расчистувале нивната позиција. На фотографиите се гледа како бунтовниците се шегуваат и се смеат. По некое време добиле информација дека во близина има тенк. Брзо се упатиле кон нивните оружја, кога тенкот испукал. Трејси ја направила фотографијата во моментот пред да бидат погодени. Тројцата бунтовници што стојат напред загинале, а последниот завршил со повреди. Трејси преживеала без повреди.

3. Енди Грим бил застрелан од шериф

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

На 4-ти септември, 2017-та година, фоторепортерот Енди Грим се упатил кон сообраќаен застој во Охајо и сакал да направи неколку фотографии. Само што го извадил неговиот трипод, кога бил застрелан од шерифот Џејк Шо. Причината била што Џејк помислил дека триподот е пушка.

Првиот куршум го погодил Енди во градите, а вториот за малку му ги промашил рамото. За среќа, не бил убиен. Иако Енди го тужел шерифот, подоцна додал дека му е јасно дека станувало збор за грешка и дека не сака шерифот да биде избркан од работа.

4. Марк Лаита се фотографирал додека бил каснат од црна мамба

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Црната мамба е една од најотровните змии во светот. Со едно каснување може да убие човек за само неколку часа и малкумина го преживеале ова. Фотографот Марк Лаита станал еден од нив кога преживеал каснување во 2012-та година.

Во тој период Марк работел на книга за змии. Патувал низ Централна Америка каде што фотографирал змии чувани од колекционер. Колекционерот ги имал отстрането отровните жлезди кај повеќето змии, но не и кај мамбата. Марк успеал да го фотографира самото каснување. Преживеал, но се соочил со обилно крвавење. Забележал дека ја направил фотографијата дури вечерта кога ги разгледувал другите фотографии.

5. Џејмс Акена бил натепан од војници од Уганда

На 20-ти август 2018-та година, фоторепортерот Џејмс Акена бил нападнат од војници од Уганда бидејќи фотографирал антивладин протест. Видеото е направено од друга личност и јасно се гледа како војниците го удираат Џејмс. Кога личноста што снима е забележана, еден од војниците пука кон него со пушка. Во овој момент видеото завршува, но не изгледа како снимателот да е убиен.

Подоцна од војската на Уганда изјавиле дека одговорните војници ќе бидат дисциплинирани. Сепак, забележано е дека полицијата и офицерите на Уганда често ги тепаат новинарите кои фотографираат антивладини протести, и тоа без последици.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар