Одговорете на само едно прашање и дознајте каков е вашиот начин на размислување

Одговорете на само едно прашање и дознајте каков е вашиот начин на размислување

Научниците веруваат дека нашиот начин на размислување зависи од културата на којашто ѝ припаѓаме – источна или западна. Ако го знаете вашиот начин на размислување, ова ќе ви помогне подобро да го разберете светот и поефективно да работите на себе. Географската поделеност на светот на Исток и Запад е малку нејасна, па многумина не се сигурни каде точно припаѓаат.

Разликата помеѓу западниот и источниот менталитет

Одговорете на само едно прашање и дознајте каков е вашиот начин на размислување

Многу големи умови се заинтересирани за разликата помеѓу западниот и источниот менталитет, а еден од нив бил и Карл Јунг. Во неговите дела, познатиот психијатар дефинирал еден основен принцип: Источната култура ја сочинуваат интроверти, а западната екстроверти.

Во западниот начин на размислување, личноста, нејзиното мислење и нејзината чест се најважните нешта. Богатството, почитувањето на младоста и желбата за лична победа се аспекти поврзани со оваа култура.

Одговорете на само едно прашање и дознајте каков е вашиот начин на размислување

За личност од Истокот, светот е хармоничен. Додека луѓето од Запад сакаат да го променат светот и да го контролираат (технолошки напредок и иновации), Азијците се менуваат себеси за да се вклопат во светот и за да најдат единство со природата.

Главните одлики на Источната култура се скромност, хармонија и почит кон постарите. Бидејќи Азијците ја признаваат нивната мала улога во светот и природата, наместо индивидуализам тие одбираат колективност, а ова е сосема спротивно од западниот начин на размислување.

Одговорете на само едно прашање и дознајте каков е вашиот начин на размислување

Ричард Е. Нисбет спровел истражување со кое сакал да ги идентификува разликите помеѓу источниот и западниот менталитет. Во еден од неговите експерименти, тој им ја покажувал истата слика на студенти од Америка и Кина и го набљудувал движењето на нивните очи. Изгледа дека Американците подолго го гледале главниот предмет, додека Кинезите повеќе се фокусирале на позадината.

Неговите други експерименти покажале дека Азијците се понаклонети кон креативноста, додека Западњаците се подобри во анализирањето. Ако сакате да откриете каде припаѓате вие, одговорете на прашањето во продолжение.

Прашање: Што не припаѓа на сликата, морковот или пандата?

Одговорете на само едно прашање и дознајте каков е вашиот начин на размислување

  • Одговор

    Морков: Ако ова е вашиот одговор, вие припаѓате на групата од Запад. Именките се поважни во оваа култура, па најверојатно сте заклучиле дека зајакот и мечката се поврзани со фактот што и двете се животни.

    Панда: На Истокот поважни се глаголите. Токму поради ова личноста што размислува како луѓето од Истокот ќе најде поврзаност помеѓу зајакот и морковот, односно зајакот го јаде морковот. Бидејќи ни е познато дека пандата јаде бамбус, таа не припаѓа на оваа слика.

Што да правите со резултатите?

Според Ричард Е. Нисбет, луѓето што ќе станат најуспешни во 21-виот век се оние што можат да го извлечат најдоброто од двете култури. Ако му припаѓате на Истокот, треба да ги развиете вашите аналитички вештини. Шахот и сложувалките би ви биле од голема помош. Овие вештини можете да ги развивате и со листа со обврски, финансиски распоред или листа со приоритети.

Ако вашиот начин на размислување е како на луѓето од Западот, би требало да работите на креативните вештини. Читајте повеќе фикција, учете нови нешта и играјте игри со асоцијација. Научниците исто така тврдат дека зелената и сината боја во опкружувањето, како и тишината, можат да помогнат во развивањето на креативноста.

Решете го и овој тест и проверете колку е развиено вашето апстрактно размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар