Научниците докажуваат дека седењето дефинитивно не е полошо од пушење

Сигурно имате слушнато дека седењето е новото пушење. Но група истражувачи од Канада, Австралија и Америка почнале да ги анализираат доказите за да докажат дека седењето во никој случај не е споредливо со пушењето во однос на здравјето на јавноста, достигнувањата и цената.

Истражување: Седењето не е новото пушење

„Ентузијазмот на медиумите за осудување на седењето споредувајќи го со пушење одамна ги надмина научните докази“, запишале научниците во истражувањето.

„Очигледно е дека седењето и пушењето се различни активности со различно ниво на ризик.“

Претераното седење не е нешто за коешто би требало да бидеме безгрижни бидејќи е поврзано со многу здравствени проблеми, како зголемен ризик од дијабетес и депресија. Но врските избледуваат кога седењето се споредува со пушењето кое го зголемува ризикот од прерана смрт и болести како рак, деменција, Алцхајмер и слично.

Размислете на момент… Пушењето е наречено една од „најголемите катастрофи на 20-тиот век“. Само во 21-ви век ќе има 1 милијарда смртни случаи поврзани со пушење.

Пушењето чинело околу 400 милијарди евра само во 2012-та година. Иако не е малку, трошокот од физичката неактивност бил околу 50 милијарди евра во 2013-та година. Истото важи и за здравствениот ризик.

„Додека луѓето кои многу седат имаат околу 10% до 20% зголемен ризик од некои видови рак и кардиоваскуларни болести, пушачите имаат повеќе од двојно зголемен ризик“, изјавил доктор Тери Бојл кој работел на истражувањето.

Извештајот исто така истакнува дека додека пушењето предизвикува штета и на другите (2,5 милиони непушачи умреле од вакви причини меѓу 1964-та до 2014-та година), седењето не претставува закана за другите.

„Личноста најчесто може да одлучи дали ќе стои, седи или ќе се движи. Но луѓето не можат да го избегнат пасивното пушење. Покрај тоа, не постои истражување кое покажало дека навиките за седење на една личност можат да му наштетат на друг.“

Бидејќи и претераното седење не е безопасно, погледнете кои се болестите што може да ги предизвика.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар