Што е емоционалната интелигенција и зошто е важна?

Што е емоционалната интелигенција и зошто е важна?

Не е секогаш лесно да бидете на истата страница со вашиот партнер. Можеби не можете да најдете продуктивен начин на решавање на проблемите, или постојано заглавувате во истата мрежа конфликти.

Што е емоционалната интелигенција и зошто е важна?

Факт е дека имањето емоционална интелигенција може да направи голема разлика кога станува збор за здрава и среќна врска.

Емоционалната интелигенција можете да ја гледате како покомплексен начин на дефинирање на зрелоста, бидејќи е поврзана и со вашите и со емоциите на другите. Според психотерапевтот Џефри Рубин, емоционалната интелигенција е лична свесност.

„Во допир сте со вашите чувства и можете да влијаете на вашиот партнер“, изјавил Џефри.

На пример, повеќето деца се озлогласени дека им недостасува емоционалниот развој што е потребен за целосно да ги разберат нивните чувства, и како реагирањето на тие чувства може да влијае на некој друг. Важно е да бидете свесни дека вашите чувства и постапки можат да имаат влијание на некој друг, бидејќи на тој начин ќе ги спречите непотребните конфликти во врската.

Според Џефри, друг аспект на емоционалната интелигенција е да бидете способни да се справите со неизбежните конфликти на зрел начин. Ова е од особена важност бидејќи порано или подоцна, се појавуваат проблеми во секоја врска.

„Искрено ги искажувате несогласувањата и емоционалната болка без да го напаѓате вашиот партнер. Ги цените неговите чувства и перспектива и заедно работите за да најдете решение што ќе ги почитува потребите и на двајцата.“

Сред расправата лесно е да обвинувате некој друг за вашите емоции. И иако е вистина дека некои од постапките на другата личност можеби влијаат на начинот на којшто се чувствувате, ако сте фокусирани само на вашите чувства голема е веројатноста дека не ја знаете вашата улога во конфликтот.

Преземањето одговорност за вашите емоции исто така има улога во емоционалната интелигенција. Расправањето со некој без емоционална интелигенција може да биде навистина фрустрирачко. Често воопшто не се наоѓа решение на проблемот бидејќи целиот разговор се врти кон него и неговите потреби. Голема е веројатноста да бидете обвинети дека настанатиот проблем е ваша вина. Со ова целосно се запоставуваат емоциите на другата личност.

За среќа, ако сметате дека вашата емоционална интелигенција не е доволно развиена, секогаш постои начин да се подобрите. Не заборавајте да кажувате „се чувствувам“ наместо „ти направи да се чувствувам“. Обидете се да бидете посвесни за тоа како им влијаете на другите со вашите реакции. Препознајте ги чувствата на другите наместо да размислувате само за вашите и веќе сте на добар пат да ја подобрите вашата емоционална интелигенција.

Иако може да биде тешко да бидеме искрени во врска со нештата што ни се потребни за развој, тоа може да направи огромна разлика во квалитетот на врските во нашите животи.

Пробајте го и овој тест што ќе ви покаже колкава е вашата емоционална интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар