10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори - Part 2

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

6. Вилис Чанг бил бркан од бизон од еден тон

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Вилис правел фотографии во националниот парк Јелоустон, кога огромен бизон одеднаш се упатил кон него. Вилис продолжил да фотографира додека бизонот трчал. Кога фотографот сфатил дека животното му се доближило премногу, тој почнал да бега и ги оставил фотоапаратот и триподот зад него. Бизонот само шетал околу фотоапаратот и го гледал љубопитно. Во меѓувреме Вилис го фотографирал со друг фотоапарат.

7. Кристоф Корто бил речиси удрен од горила

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Фотографот Кристоф речиси добил удар од горила додека фотографирал во национален парк во Руанда. Тој и уште неколку фотографи фотографирале група горили, кога нивниот водич од 250 килограми без предупредување го нападнал Кристоф.

Кристоф продолжил да фотографира, дури и во моментот кога горилата застанала пред него. На фотографијата се гледа како горилата прави тупаница за да го удри. Животното го турнало Кристоф на страна и се упатило кон друга машка горила што стоела зад фотографите.

Кристоф не бил сериозно повреден и завршил само со мала гребаница на неговата глава.

8. Носорог се шегувал со Џонатан Плеџер

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Џонатан го фотографирал дивиот свет во националниот парк Кругер во Јужна Африка, кога кон него почнал да трча еден бел носорог. За разлика од другите фотографи на листава, Џонатан не знаел дека животното е во близина. Сфатил дека е во опасност дури кога го слушнал шушкањето на грмушките. Носорогот излегол од една грмушка и се упатил право кон фотографот.

Џонатан не избегал, туку продолжил да фотографира. Животното или се исплашило или само се премислило, па свртело лево и се вратило во грмушките.

9. Мухамед Шафи бил речиси убиен од гневни Сомалијци

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Мухамед не бил фотограф, туку камерман кога бил речиси убиен за време на Граѓанската војна во Сомалија. Но четворица од неговиот тим биле убиени.

Едно утро во јули 1993-та година, армијата на САД го нападнала центарот за управување на сомалискиот воен лидер Мухамед Фарах Аидид. Петнаесет минути по нападот се појавиле возила на Аидид пред хотелот во кој отседнувале Шафи и неговиот тим.

Новинарите снимале и фотографирале кога биле нападнати од група луѓе што се собрале пред хотелот. Новинарите се разбегале, а луѓето тргнале по нив. Шафи бил тепан и удиран со камења додека бегал, а некој дури го застрелал во раката.

Шаи избегал кога се качил во возило со Сомалијци. Го ослободиле дури кога сфатиле дека е муслиман од Кенија. На почетокот мислеле дека е христијанин од Пакистан.

10. Рон Хавив добил закана по живот за фотографии од воени злосторства

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори

Фотографот Рон Хавив речиси го загубил неговиот живот поради неговите фотографии кои ги вмешале српските Тигри во воени злосторства за време на Босанската војна во 1992-ра година. Најпозната е фотографијата од борец кој го удира телото на жена којашто само е убиена од неговите колеги.

Хавив тајно правел фотографии од настаните на улиците. Додека фотографирал како борецот ги удира мртвите тела на едно семејство, другите го слушнале неговиот фотоапарат и се свртеле кон него. Нивниот командант, Жељко Ражнатовиќ (Аркан) му го зел филмот на Хавив и му ветил дека ќе му ги врати фотографиите. Аркан не сфатил дека Хавив ги сменил филмовите и ги сокрил доказите од воените злосторства. Откако ги објавил фотографиите, Аркан се заколнал дека ќе го убие.

Погледнете ги и овие морничави фотографии направени неколку моменти пред трагедија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар