Дали знаевте дека постои врска меѓу исхраната и ризикот од деменција?

Дали знаевте дека постои врска меѓу исхраната и ризикот од деменција?

Невозможно е да се негира врската помеѓу исхраната и ризикот од деменција. Десетици студии ја утврдиле поврзаноста, а здравствените експерти сега почнуваат да ја нарекуваат Алцхајмеровата болест како дијабетес „Тип 3“.

Дали знаевте дека постои врска меѓу исхраната и ризикот од деменција?

Животниот стил, вклучувајќи ја исхраната, вежбањето, спиењето и стресот, во голема мера влијаат на ризикот од деменција. Намирниците како виршли, помфрит, чипс, газирани пијалаци, колачи и сладолед можат значително да придонесат до пад на когнитивните способности. Една нова студија, пак, ни посочува кои намирници го намалуваат ризикот од деменција.

Станува збор за студија во која учествувале над 8.000 постари мажи и жени. Во текот на истражувањето било откриено дека исхраната која опфаќа храна од растително потекло и многу мал процент на преработена храна, црвено месо и заситени масти, може значително да го намали ризикот од деменција. Научниците составиле и неделно мени кое изгледа вака:

  • Најмалку 1 порција на ден зеленчук
  • Повеќе од 6 порции неделно лиснат зеленчук
  • Најмалку 5 порции неделно јаткасти плодови
  • Најмалку 4 оброци неделно грав
  • Најмалку 2 порции неделно бобинки (капини, малини, боровинки…)
  • Најмалку 1 порција неделно риба
  • Маслиново масло за готвење

Менито го ограничува консумирањето на одредени производи, вклучувајќи колачи и слатки (помалку од 5 порции неделно), црвено месо (помалку од 4 порции неделно), сирење и пржена храна (помалку од 1 порција неделно) и путер и маргарин (помалку од 1 лажица дневно).

Откако прочитавте кои намирници можат значително да го намалат ризикот од деменција, можеби ќе сакате да прочитате и за ова есенцијално масло кое ги намалува симптомите на деменција.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар