Мала островска држава користи шеќерна трска за производство на електрична енергија

Постои мал остров во Индискиот Океан, оддалечен 1.100 километри од Мадагаскар, којшто е толку изолиран што е принуден да биде самостоен. На оваа далечна земја ѝ е потешко да се потпира на фосилни горива отколку да најде друг извор на енергија. Поради тоа, луѓето од Маврициус нашле начин да ја користат нивната шеќерна трска за производство на електрична енергија.

Мала островска држава користи шеќерна трска за производство на електрична енергија

Речиси четвртина од потрошувачката на енергија на островот е од обновливи извори, а 14% доаѓа од шеќерната трска. Останатите 25% се добиваат од извори како сонце, ветар и вода.

„Целта на власта е да го зголеми користењето на обновлива енергија на 35% до 2025-та година. Овој процент не е далеку, ќе имаме 11 соларни паркови до следната година и барем уште две фарми со ветерници“, изјавил вицепремиерот Иван Колендавело, кој е и министер за енергија.

Мала островска држава користи шеќерна трска за производство на електрична енергија

Во Маврициус постојат 4 компании за шеќер кои генерираат околу 60% од електричната енергија на островот. Сите си имаат своја термална електрана. Кога е сезона на берење на шеќерната трска, тие создаваат енергија од нуспроизводот наречен „багаси“ – сув материјал направен од остатоците од смелените шеќерни трски. Во останатиот дел од годината користат јаглен.

Сигурно се прашувате како функционира целиот процес.

  • Во фабриките пристигнуваат огромни камиони со свежи шеќерни трски.
  • Секојдневно пристигнуваат 8.500 тони, односно 900.000 тони годишно.
  • Шеќерните трски се мелат, а сокот од нив се одделува и се користи за производство на шеќер.
  • Смелените трски се киснат за да се извлече и последната течност од нив.
  • Остатоците се сушат со загревање.
  • На крај се ставаат во термалната електрана каде што се горат на температура од 500 степени Целзиусови. Ова согорување ги напојува турбините кои произведуваат струја за фабриката и државната струјна мрежа.

Мала островска држава користи шеќерна трска за производство на електрична енергија

„Електричната струја е достапна 24 часа на ден, на барање, без потреба да се чекаат ветрот или сонцето, бидејќи можеме да ги складираме трските како нафтата и јагленот“, изјавил менаџерот на една од фирмите.

Мала островска држава користи шеќерна трска за производство на електрична енергија

Уште поневеројатно е тоа што се користи дури и јаглеродниот диоксид кој се произведува во текот на согорувањето. Тие го собираат и го користат за правење газирани пијалаци.

Се надеваме дека иновацијата на Маврициус ќе ја прифатат и другите региони, вклучувајќи ја и Македонија. Иднината на нашата планета лежи во паметното користење на ресурсите, баш како што се случува на овој остров. Потребно е да најдеме начин да ги користиме сите делови од сè, со цел да ја вратиме рамнотежата во природата.

Дознајте и кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар