Дрва што генерираат електрична енергија

Дрва што генерираат електрична енергија

Сите си ги замислуваме ветерниците како огромни високи направи инсталирани негде далеку. Но, основачот на NewWind, Жером Мишо Ларивиер сакал да го промени тоа мислење. Додека седел на еден плоштад, тој забележал дека листовите на дрвјата се мрдаат иако тој не чувствувал никаков ветер. Ова го инспирирало да создаде биомиметичка ветерница во форма на дрво којашто ќе ја собира енергијата која инаку би се изгубила во воздухот.

Дрва што генерираат електрична енергија

Жером бил толку убеден во неговата идеја што го напуштил работното место во филмската индустрија и ги поминал следните три и пол години работејќи со тим инженери за да го создаде неговото дело Arbre a Vent. Дизајнирани да изгледаат убаво и да работат ефикасно но тивко, листовите на дрвото кои се наречени аеролистови се всушност мали турбини со микропроцесор чија цел е да соберат што е можно повеќе енергија. Иако изгледа како да се хаотично наредени, листовите се распоредени на тој начин што собираат енергија од сите насоки.

Дрва што генерираат електрична енергија

Секое дрво е високо од 8 до 10 метри и има 63 аеролистови. Дури и кога ветрот е навистина бавен, и без разлика од каде и да дува, листовите можат да соберат доволно енергија и да ја претворат во електрична. Некои ветрови се навистина бавни и обичните ветерници воопшто не ги регистрираат.

Дрва што генерираат електрична енергија

Жером се надева дека еден ден неговиот изум ќе биде поставен во дворовите на многу куќи и урбани градини. Секое дрво има капацитет од 4,1 kW и може да осветли пат со должина до 450 метри. Исто така може да произведе и до 80% од електричната енергија што ја користи едно семејство, ако не го вбројувате греењето. Во дрвото има и центрифугална кочница што го штити дрвото на силни ветрови. Дрвата можат да се користат над 12 години.

Без сомнение е важно одржливото собирање енергија во градовите каде што живеат голем број луѓе. Но, моментално едно дрво чини околу 30.000 евра, па од компанијата се обидуваат да направат поевтини продукти користејќи ги помалите растенија за инспирација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар