12 промени што не треба да ви е страв да ги направите оваа академска година

Ќе се соочите со секакви искуства додека сте на факултет. Тоа е навистина важен дел од вашиот живот, па очекувано е да сакате да направите и некои промени пред да го започнете ова патување. Можеби отсекогаш сте сакале да научите некој нов јазик, да учите во странство или да се занимавате со некој спорт, но досега сте немале време за ова. Постојат повеќе промени што не треба да ви е страв да ги направите оваа академска година, бидејќи не е само Нова година време за нови почетоци.

12 промени што не треба да ви е страв да ги направите оваа учебна година

1. Испробајте нов стил

Има нешто освежувачко во тоа да ја започнете новата академска година со нов стил. Ќе запознавате нови луѓе и ќе се вклучувате во разни активности на факултет, па не плашете се да го промените вашиот стил. Пробајте нешто ново и видете како ќе помине.

2. Променете ја вообичаената рутина

Во средно најверојатно сте ја следеле истата утринска рутина секој ден. За среќа, вашиот распоред е послободен на факултет. Одете во теретана наутро или купете си од омиленото кафе на пат накај факултет. Вие сте одговорни за вашата рутина, па исполнете ја со нешта што ги сакате.

3. Приклучете им се на клубовите што ве фасцинираат

Немојте да бидете под притисок да се зачлените во истите клубови како и вашите пријатели. Ќе ви биде криво што сте го минувале поголемиот дел од вашето време правејќи нешто за коешто не сте страсни.

4. Почнете да слушате нов жанр музика

Немојте да мислите дека треба постојано да ги слушате истите песни. Омилените песни секогаш ќе ви го подобрат расположението, но имате многу простор за истражување.

5. Променете ја животната ситуација (ако не сте задоволни од неа)

Тука пред сѐ, мислиме на студентите кои го менуваат градот заради студиите. Но, не го обожаваат сите животот со цимери. Ако сте во ваква ситуација, променете ја и направете го домот што е можно поудобен.

6. Сменете ја бојата на косата

Подготвени сте за фризурите што ги гледате на Инстаграм? Дајте им шанса и целосно променете го вашиот изглед.

7. Проширете го социјалниот круг

Вашите цимери, луѓето во групата за учење и колегите што ги среќавате на предавањата не мора да ви бидат единствени пријатели. Бидете социјална пеперутка. Можете да имате колку што сакате пријатели.

8. Променете го начинот на којшто го гледате успехот

Успехот не треба да се заснова само на добри оценки. Можете да го постигнете на многу начини. На пример, доколку научите да медитирате, редовни сте на тренинзите по кик бокс, давате одлични резултати онаму каде што одите на пракса или им помагате на пријателите. Можете да бидете успешни во сите аспекти од вашиот живот.

9. Променете го начинот на кој им приоѓате на луѓето коишто ви се допаѓаат

Дајте си мало ветување. Ветете си дека повеќе нема да си ги чувате чувствата за другите во кафез ако знаете дека се вистински. Никогаш не знаете, можеби некоја личност што ви се допаѓа чека вие да ѝ прозборите.

10. Променете ги целите за кариерата

Кариерата што сакате да ја градите ќе биде под големо влијание од вашите професори, колегите и праксата. Не плашете се да го промените патот по којшто сте тргнале, бидејќи сега е време кога учите сè.

11. Додајте нешто ново на листата работи што сакате да ги направите

Ќе сретнете толку многу луѓе на факултет. Тие ќе ве предизвикаат да размислувате и да сонувате големо. Најверојатно ќе се рефлектираат на вашата листа со нешта што сакате да ги направите. Не заборавајте, само небото ви е граница.

12. Променете го начинот на кој го минувате слободното време

Вашето слободно време не треба секогаш да биде поминато во гледање на омилените серии. Излезете надвор и откријте некоја нова продавница, графит, кафуле. Истражувајте нови делови од градот. Можностите се бескрајни.

Бидејќи секој има лоши денови, недели, па дури и месеци, погледнете како да останете мотивирани на факултет.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар