„Твитер и блогираме награди“ оваа година со Т категорија

Препознавајќи ја креативноста и автентичноста на Твитер заедницата, Телеком и Т-Мобиле Македонија партнерски се вклучуваат во поддршка на „Твитер и блогираме награди“, кој по трети пат се организира во рамките на Твитосферата

0-na-otvoranjeto-na-noviot-prodazhen-salon-t-mobile-so-50-popust-na-samsung-smart-telefonite-kafepauza.mk

Благодарение на еволуцијата на алатките како Facebook, Twitter и YouTube во робустен механизам за социјална трансформација, се помасовен е спектарот на луѓе што учествуваат во собирање, филтрирање и дистрибуција на вести и други интересни содржини.

Твитерџиите во Македонија се особено луцидна, ангажирана, свесна и модерна заедница, која со бистрина на духот ги следи и коментира социјалните и политичките збиднувања.

Препознавајќи ја автентичноста и креативноста на Твитер заедницата, Телеком и Т-Мобиле Македонија од оваа година се вклучуваат во поддршка на „Твитер и блогираме награди“, организирани од blogirame.mk веќе по трети пат.


„Можете да купите внимание со рекламирање или да преговарате за почит од медиумите, да иницирате љубопитност со продажба или едноставно сосема спротивно од сé, можете да објавите нешто бесплатно, но интересно и вредно и во реално време да иницирате дијалог со милиони луѓе“ – вели Димитар Ковачевски директор за корпоративни комуникации во Македонски телеком.

Гласањето за најдобри твитерџии во 24 категории е веќе започнато, а наградите ќе бидат доделени на 13 декември оваа година во кафулето Калдрма во Дебар Маало.

Некои од категориите се:
  • Блог-пост на годината
  • Твитерџија/ка кој e најкорисен и кој е вистинска вредност во твитосферата
  • Најдобар ИТ и/или интернет маркетинг блог
  • Највлијателен твитерџија/ка
  • Твитерџија кој најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиска кариера
  • Најдобар блог во домен на културни работи (литература и сл.)
  • Најдобар блог за 2014,
  • Најдуховит твитерџија/ка
  • Твитерџија со најдобро селфи на годината 2014
  • Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2014 година

Сакајќи да ја охрабрат и мотивираат Твитер заедницата Телеком и Т-Мобиле Македонија за најдобрите твитерџии обезбедуваат 6 таблети, 5 дигитални фото рамки, 6 пакети по 6 месеци гратис 3Мах Start пакети.

Дополнително е креирана и посебна Твитер категорија, Нај @TMobileMK корисник кој ќе го добие неверојатниот IPhone 6.

„Ние сакаме да имаме контакт со нашите корисници секаде каде што се присутни. Нé интересираат сите нивни размислувања и коментари, што сакаат, што ги прави незадоволни, каде се движат, што слушаат, едноставно љубопитни сме за новите тенденции, а најдобар начин да разбереме што се случува е да бидеме вклучени во разговорите во реално време“ – додава Ковачевски.

Македонски Телеком и Т-Мобиле се едни од најголемите поддржувачи на културата, музиката и многу социјални збиднувања во Македонија и понатаму ќе продолжат да поддржуваат уникатни и напредни идеи и ќе креираат единствени моменти вредни за споделување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар