Дали 7 часа спиење се доволно и што е најважното нешто за квалитетен сон?

Можеби сте забележале дека сте личност којашто може да функционира само со 9, па дури и со 9 и пол часа сон. Или пак, можеби сте од оние ретките на кои доволно им се 5-6 часа спиење навечер. Генералното препорачано време за спиење е помеѓу 7 и 9 часа. Но, дали разликата помеѓу луѓето е навистина толку голема? Дали 7 часа сон е некаков магичен број?

Дали 7 часа спиење се доволно и што е најважното нешто за квалитетен сон?

Според експертот за спиење, доктор Мајкл Бриус, потребното количество спиење кај секого се разликува до некој степен.

„Потребите за спиење на секој се различни. Оваа разлика може да настане поради нивото на активност, болест, некоја здравствена состојба и слично.“

Но, Бриус смета дека она што е можеби уште поважно од количеството спиење во ноќта, е колку циклуси на спиење поминувате секоја ноќ.

Според Националната фондација за спиење, циклусот на спиење се однесува на шема од 5 фази. РЕМ фазата е најважна за учење и функционирање на меморијата и во оваа фаза најверојатно ќе почнете да сонувате. Фондацијата смета дека во просек возрасните имаат 5 до 6 РЕМ фази во една вечер, а секој циклус трае по еден и пол час. Па, доктор Бреус препорачува да поминете барем 5 циклуси на спиење во една вечер, односно околу 7 и пол часови.

Користејќи го основниот модел по којшто функционираат циклусите за спиење, самите можете да направите распоред на спиење во зависност од тоа кога треба да станете следното утро. Оттаму ќе можете да го пронајдете идеалното време за легнување.

Доктор Бриус смета дека наоѓањето на идеалното време за легнување значително ви ги зголемува шансите да ги добиете потребните квалитет и квантитет од спиењето.

„Можеби не сте сигурни кога треба да си легнете, но сигурно знаете кога треба да станете. Поради ова, повеќето луѓе имаат она што јас го нарекувам социјално одредено време на будење. Постои некоја надворешна обврзаност која ни диктира кога да се разбудиме и да го започнеме денот. Повеќето од нас немаат време на будење што е целосно во наша контрола.“

Времето на легнување од друга страна, нуди повеќе слобода. Па, кога ќе треба да го одредете идеалното време за легнување, започнете со времето на будење. Бидејќи просечниот циклус е околу 90 минути, тоа значи дека ќе броите 7 и пол часа назад од времето кога треба да станете.

Се разбира, и ова не е метод без недостатоци. Потребното количество спиење може многу да се разликува од една до друга личност, во зависност од телото и животниот стил.

Сепак, ако сакате да експериментирате со времето на легнување и да видите како тоа ќе влијае на вашата енергија, штом ќе го одредите времето на легнување обидете се да се држите до него барем една недела.

„Целта е природно да се разбудите 5 до 10 минути пред вашиот аларм. Ако се разбудите прерано, легнувајте си малку подоцна.“

Кога пробувате нови времиња на легнување, доктор Бриус советува дека е најдобро да правите поместувања од 15 минути. Ако првото време ви било 22 часот, следниот пат нека биде во 22:15.

Дознајте и колку часови спиење ви се потребни според вашата возраст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар